Екстра заработка на маркетите: Трговците сакаат по старо со маржите, Владата се мисли дали да им попушти

January 17, 2025
1 min read

Иако трговците со Законот за нефер трговски практики се ограничени маржата што ја наплатуваат од производителите и дистрибутерите да биде максимум 10 отсто, не се откажуваат од намерата да ја вратат можноста за екстра заработувачка. Пред да се донесе Законот, маржата што ја наметнуваа трговците се движеше и до 40% и затоа се воведе законското ограничувањето. Со ова се сака да се влијае на намалување на цените на производите, а со тоа и на инфлацијата која ги осиромашува граѓаните.

„Тие проценти или 10 посто и над 10 посто се проценти кои што се даваат за услугите што добавувачите и производителите ги добиваат кај нас. А тоа може да бидат тв реклами, учество во летоци, учество во радио и наградни игри, така да се е тоа на база на заеднички договор кој што е во согласност со двете страни“, изјави Петар Денковски, директор на ВЕРО.

Од Министерството за економија, како да ја подотворија вратата за да се излезе во пресрет на дел од барањата на трговците каде освен маржата е и барањето да може да се враќа купената роба на дистрибутерите или производителите.

„Законот можеби не е идеален тоа ќе покаже практиката… ќе го пратиме Законот, имплементирање на Законот во соработка со бизнис секторот, пред се со производителите, добавувачите па и маркетите, ќе видиме дали во блиска иднина ќе треба да се променат одредени делови, членови во Законот“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.

Ристески пак вели дека на средбата со стопанските комори која се одржа пред два дена, немало закани кон трговците кои според информациите од бизнис круговите, не само што најавиле дека после Новогодишната кошница ќе ги вратат цените на старо, туку и ќе ги зголемат.

„Оваа Влада не работи со закани него работи во интерес на граѓаните на Република Македонија и ние би ги искористиле сите правни инструменти околу заштита на животниот стандард на граѓаните“, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.

Една од клучните надежи како на владата на СДСМ и сегашната на ВМРО ДПМНЕ околу зауздување на цените во маркетите е токму спроведувањето на Законот за спречување нефер трговски практики кој стапи на сила лани во септември, но да се казнува може од почетокот на оваа година.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НЕНАД ВИТАНОВ И СИМОНА ЃОРЧЕВА СЕ НОВИ СЕЛЕКТОРИ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Следно

Хамас ги повика посредниците за прекин на огнот да ги запрат израелските „масакри“ во Газа

Latest from Blog

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop