МЖСПП: Со средствата од ЕИБ во Струга ќе се замени азбестцементната водоводна мрежа

January 17, 2025
1 min read

Во рамки на проектот „Подобрување на водната инфраструктура на општините во Македонија“, обезбедени од Европската инвестициска банка и Владата на Република Македонија, а кои ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините склучен е договор за „Замена на азбестцементната водоводна мрежа во град Струга“.

Договорот е склучен помеѓу Министерството за животна средина и просторно планиарање и избраниот изведувач „Марковски К73 ДООЕЛ“ од Струга. Замената на азбестцементната водоводна мрежа во градот, согласно договорот, ќе се одвива во следните 18 месеци, со што жителите на градот Струга ќе добијат поквалитетно водоснабдување, а со замената на азбестцементните водоводни цевки со нови високо квалитетни цевки во голема мера ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на водата, заштита на животната средина и ќе се намалат загубите на вода. Висината на инвестицијата е 76 милиони денари.

Со овие дополнителни 50 милиони евра на 100те милиони евра предходно распределени од Владата, се оди чекор понапред во зајакнувањето и подобрувањето на условите за живот на сите граѓани на нашата држава, без исклучок, бидејќи средствата се достапни за сите општини во државата без исклучок.

Степенот на реализација на овие средства е приближно 20 отсто од вкупната сума и согласно одобрената проектната документација и документацијата за набавка за реализација на проектите испратени од општините, а одобрени од Проектната единица за реализација на МЖСПП, се очекува забрзување на динамиката на имплементација во наредниот период.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава против пет лица за фалсификување документи и уништување деловни книги

Следно

Населението на Египет достигна над 107 милиони

Latest from Blog

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања

Јамал: Играме најдобар фудбал, веќе можам да си замислам дека ќе го освоиме Светското првенство!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламине Јамал, верува дека „Црвената Фурија“ може да триумфира со титулата на Светското првенство ова лето. Шпанците се едни од фаворитите за

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски
Go toTop