Николоски: Следува година на инфраструктурна офанзива низ државата

January 16, 2025
2 mins read

Пуштање во употреба на првите 40 -тина километри од автопатот Кичево Охрид, изградба на мост на реката Вардар кај Велес, реконструкции на седум мостови по должина на коридорот 10 на железницата, реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром се дел од приоритетните проекти на кои ќе работиме оваа година, истакна вицепремиерот Николоски.

-За мене најубавиот проект се новите авио линии, каде за брзо ќе излеземе и со нови информации. Тука е секако и привршувањето на реализацијата на првото рекреативно вештачко езеро во Источниот дел на нашата држава – езерото Отиња над Штип. Таму рокот на реализација е крајот на 2026 година, планирано е да почне да се полни во 2027 година и до летото 2027 година да почне да се користи за туристички цели. И секако тука се проектите со општините, каде вкупно имаме некаде околу 350 милиони евра, кои како дотации преку Министерството ќе бидат дадени на општините за да ги решат најголемите инфраструктурни проблеми на граѓаните, истакна вицепремиерот Николоски.

Николоски исто така потенцираше и за бројните проблеми кои како министер ги наследи во реализацијата на овие два капитални проекти.

-Во рок од десет дена пуштивме 42 километри експресни патишта, нешто што досега не е видено во Македонија. На делницата Куманово-Страцин-Крива Паланка, од вкупно 25 км на 16,5 км немаше воопшто асфалт, проектот беше во фаза на замрзнување, еден од изведувачите беше заминат од државата, воопшто немаше работници на терен, а повлечен беше и надзорот на проектот. Успеавме да ги вратиме изведувачот и надзорот и прв пат во Македонија видовме работа во зимски услови или работа на ниски температури и работа на дожд. Практично работевме речиси 24 часа и на тој начин успеавме да го завршиме патот и мислам дека ова е прв проект во Македонија што е завршен во предвидениот рок.

Во однос на Градско -Дреново, ситуацијата беше уште полоша. Јас на отворањето покажав еден документ, тоа беше еден документ кој прв го добив кога станав министер. Таму ситуацијата беше очајна, недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши проектот. Косините воопшто не беа решени, имаше опасност да се спуштат две планини на трасата и изведувачот се спремаше за арбитража. Веќе имаше постапка со цел Македонија да оди на арбитража, значи ем да изгубиме арбитража ем да немаме пат затоа што година и половина претходната Влада не сакала да потпише два адендуми со ЕУ, Адендум 3 и 4 би ги решиле овие прашања, не ја формирале потребната Комисија. Ние ја формиравме Комисијата, за дваесетина дена тие почнаа да работат во месец август и веќе на 12 септември имавме потпишано се и ги обезбедивме овие средства. Затоа и амбасадорот кажа дека има национално кофинанисрање тие се тие средства. Таму рокот беше 31 јануари што значи дка завршивме некои петнаесетина дена порано, така што тоа беа проблемите. Јас сум тука да ги решавам проблемите, а не да се правдам или ако се правдам ќе бидам како сите претходни. Македонија со години, со децении нема завршено еден голем проекти и нема видено завршување на голем проект. Најлесно е да ги обвинувате претходнииците, најлесно е да ги раскинувате договорите и да одите по арбитражи, тешко е да се работи. Ние работиме и еве резултатите доаѓаат, истакна вицепремиерот Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кос: Реална шанса Црна Гора да стане членка за време на мојот мандат

Следно

ПОЧИНА КУЛТНИОТ АМЕРИКАНСКИ РЕЖИСЕР ДЕЈВИД ЛИНЧ

Latest from Blog

Македонците во Албанија меѓу демографските предизвици и борбата за зачувување на идентитетот

Фото: Македонски весник “Илинден” Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија во последните години е проследена со низа предизвици, особено во традиционалните средини во кои живее македонското население, како што се

УЕФА го објави распоредот: Реал – Интер, Ливерпул – Атлетико на отворањето на новата сезона на ЛШ

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне со неколку големи европски пресметки, откако УЕФА денеска го објави распоредот за главната фаза. Во првото коло, на 8 септември, Реал Мадрид на „Сантијаго

ВЛЕН до ДУИ: Молчевте кога Албанците беа нарекувани „терористи“, а денес држите лекции

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека повторно се обидува да создаде, како што велат, лажна слика во јавноста преку манипулации и извртување на фактите. Од ВЛЕН велат

Трамп склучи голем нафтен договор со Венецуела

Тој го нарече „најголемиот договор за нафта во историјата на светот“. Трамп напиша на Truth Social дека договорот е преговаран, по негова насока, од страна на американскиот државен секретар Марко Рубио, секретарот

АНЃУШЕВ ЗА BLOOMBERG: МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА ЈА СКЛАДИРА ЕВТИНАТА СТРУЈА ВО БАТЕРИИ И ДА ЈА ИЗВЕЗУВА КОГА ЦЕНИТЕ СЕ ПОВИСОКИ

Македонија треба забрзано да ги зголемува капацитетите за складирање електрична енергија преку инсталирање повеќе батериски системи, со што ќе може да ја складира струјата во периодите кога е евтина, а да ја
Go toTop