Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта

January 16, 2025
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во вечерашното гостување во вестите на “Канал 5”, потенцираше дека во рекорден рок и успешно се завршени два експресни патишта Куманово-Страцин-Крива Паланка и делницата Градско-Дреново, што претставува доказ за посветеноста и работењето на Владата и создавањето на нова квалитетна патна мрежа.

Тој исто така потенцираше и за бројните проблеми кои како министер ги наследи во реализацијата на овие два капитални проекти.

-Во рок од десет дена пуштивме 42 километри експресни патишта, нешто што досега не е видено во Македонија. На делницата Куманово-Страцин-Крива Паланка, од вкупно 25 км на 16,5 км немаше воопшто асфалт, проектот беше во фаза на замрзнување, еден од изведувачите беше заминат од државата, воопшто немаше работници на терен, а повлечен беше и надзорот на проектот. Успеавме да ги вратиме изведувачот и надзорот и прв пат во Македонија видовме работа во зимски услови или работа на ниски температури и работа на дожд. Практично работевме речиси 24 часа и на тој начин успеавме да го завршиме патот и мислам дека ова е прв проект во Македонија што е завршен во предвидениот рок.

Во однос на Градско -Дреново, ситуацијата беше уште полоша. Јас на отворањето покажав еден документ, тоа беше еден документ кој прв го добив кога станав министер. Таму ситуацијата беше очајна, недостасуваа 13 милиони евра за да се доврши проектот. Косините воопшто не беа решени, имаше опасност да се спуштат две планини на трасата и изведувачот се спремаше за арбитража. Веќе имаше постапка со цел Македонија да оди на арбитража, значи ем да изгубиме арбитража ем да немаме пат затоа што година и половина претходната Влада не сакала да потпише два адендуми со ЕУ, Адендум 3 и 4 би ги решиле овие прашања, не ја формирале потребната Комисија. Ние ја формиравме Комисијата, за дваесетина дена тие почнаа да работат во месец август и веќе на 12 септември имавме потпишано се и ги обезбедивме овие средства. Затоа и амбасадорот кажа дека има национално кофинанисрање тие се тие средства. Таму рокот беше 31 јануари што значи дка завршивме некои петнаесетина дена порано, така што тоа беа проблемите. Јас сум тука да ги решавам проблемите, а не да се правдам или ако се правдам ќе бидам како сите претходни. Македонија со години, со децении нема завршено еден голем проекти и нема видено завршување на голем проект. Најлесно е да ги обвинувате претходнииците, најлесно е да ги раскинувате договорите и да одите по арбитражи, тешко е да се работи. Ние работиме и еве резултатите доаѓаат, истакна вицепремиерот Николоски

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кривична пријава против 30-годишник: Крадел струја од комшиите кои биле во странство

Следно

Ердоган: Не смее да ѝ се дозволи на израелската влада да го прекрши прекинот на огнот

Latest from Blog

Николоски: Шест автопати се градат истовремено, потфат со кој ретко која земја може да се пофали

Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на

Коњановски: Со амбасадорката Гетцова разговаравме за збратимување со чешки град

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Ирена Гетцова, на која разговарале за продлабочување на соработката во економијата и културата, како и за
Go toTop