Филков до СДСМ: Излезете и напуштете ја вашата скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец

January 16, 2025
1 min read

Министерот за правда, Игор Филков одговорајќи на пратеничко прашање од СДСМ за наводна партизираност на судството и Судскиот совет порача дека двајцата нови членови на Судскиот совет не се избрани од извршната власт, туку од самите судии и дека станува збор за лица кои имаат долгогодишно искуство во својата област.

-Зарем мислите дека јас како министер за правда може да влијаам на оние судии кои токму вие сте ги назначиле и унапредиле, да им кажувам како да гласаат. Овие нови членови се избрани од судиите, рече Филков.

На прашањето на Бисера Костадиновска Стојчевска, зошто тој не се повлекува од функцијата член на Судскиот совет, министерот Филков посочи дека тој, како и неговите претходници ја почитуваат препораката на ГРЕКО да не се присуствува на седниците на Судскиот совет.

-Јас ниту сум влегол во Судскиот совет за да можам да излезам од истиот. Ако ги следите моите изјави од првиот ден, укажувам на тоа дека нема потреба од мое присуство таму, но доколку Судскиот совет навистина функцинира, А тоа што се случуваше наназад го знаете многу добро затоа што бевте дел од власта, иако не се сеќавам дека во таа Влада сте поставиле било кое прашање поврзано со судство или Судскиот совет. Делот за невистините продолжува и понатаму иако ви објаснив дека ние немаме именувано ниту судии, ниту јавни обвинители. Значи, излезете и напуштегте ја таа скафандер политика и помогнете ни работите да ги движиме во вистински правец. Ние за три до пет години нема да имаме судии во државата заради погрешните политики на претходните власти,порача министерот за правда Игор Филков најавувајќи дека измените на Кривичниот законик доажаат и правда ќе има.

Ајде сите заедно тука да се договориме, да ги донесеме измените на законите и да ја покачиме грорната граница за пензионирање на 67 години.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија ја прогласи за „стратешки инвеститор“ компанијата на Џаред Кушнер

Следно

Скандал во Битола: Бурекчилница го местела парето во мазникот

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на

Коњановски: Со амбасадорката Гетцова разговаравме за збратимување со чешки град

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Чешка во Македонија, Ирена Гетцова, на која разговарале за продлабочување на соработката во економијата и културата, како и за

Позитивен ден на Македонската берза: Раст кај Алкалоид, Макпетрол и Комерцијална банка

Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 0,37 отсто, најголем промет со акциите на Алкалоид Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската
Go toTop