Здравковски: ВМРО-ДПМНЕ работи на унапредување на патот на Македонија кон ЕУ, но е потребен политички консензус

January 16, 2025
1 min read

Игор Здравковски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостувањето на емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 се осврна на процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и истакна дека се соочуваме со значајни предизвици, но и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа да го унапреди патот на Македонија кон ЕУ.

„Тоа е процес којшто трае, за жал, 20 години, меѓутоа се некако тапкаме во место. Да бидам искрен, Република Македонија направи толку многу отстапки што мислам дека ниту една држава нема такви отстапки направено. Меѓутоа, од друга страна пак, за жал, морам да потенцирам дека во делот кој што ни е домашна задача, па и таму ништо не направивме. А, тоа сето може да се види од сите извештаи на Европската Комисија од годините наназад како ние се приближуваме или заостануваме во овој наш пат кон ЕУ, кој што, реално, е наша стратешка определба и на сите претходни влади. Меѓутоа, за жал, до сега ништо не се направило“, истакна Здравковски.

Здравковски нагласи дека е позитивно што владејачката ВМРО-ДПМНЕ има реформска агенда, која е прифатлива за земјата и која значи почеток на процеси за административно приближување кон европските стандарди.

„Она што е добро, е што имаме една реформска агенда која што е прифатлива за Република Македонија и којашто значи отпочнување на некакви процеси во административно приближување до она што значи европски стандард. И тие процеси во реформската агенда се определени со точни датуми и точни чекори што треба да се направат за да добиеме некакви средства на кои што сите се надеваме и претходно сме ги очекувале, меѓутоа, за жал без никаква работа од наша страна тие пари никогаш нема да ги добиеме и да ги определиме“, изјави Здравковски.

Здравковски нагласи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обврзана да ги реализира сите домашни задачи кои ќе дозволат исполнување на критериумите за членство во ЕУ, но исто така предупреди дека не може да се прават понатамошни отстапки.

„Тука, пред се, мислам на уставни измени и сето она што значеше прецизирање на некакви точки во оној договор за добрососедство, кој што за жал видовме дека не се применува, ниту пак има намера да се примени од другата страна. И, токму затоа, ние се обидуваме да ги почитуваме оние барања во делот на административните побарувања од ЕУ, но истовремено сакаме и да потенцираме дека не можеме и понатаму да правиме отстапки. Треба да седнеме и да се договориме да го исцртаме патот по кој што ќе одиме“, додаде Здравковски.

Здравковски додаде дека Македонија има потенцијал да постигне напредок во процесот на ЕУ интеграција, ако се продолжи со сериозен и конструктивен дијалог со ЕУ.

„Оптимизмот на Муцунски, сметам дека се темели поради тоа што од другата страна, оној наш стратешки партнер ЕУ гледа дека навистина има сериозен партнер во Република Македонија“, заклучи Здравковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот француски премиер Бајру ќе се соочи со гласање за недоверба на неговата влада

Следно

Кога ќе ги добие Македонија првите исплати во 2025 година од Планот за раст на ЕУ?

Latest from Blog

Коњановски пред студентите во Битола: Вратите на Општината се отворени за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето

Проданоски: Прилепските пожарникари се херои кои секогаш се на првата линија

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, во Прилеп беше одбележан празникот со пригоден настан, презентација на опрема и показна вежба на Територијалната противпожарна единица. На настанот присуствуваше и градоначалникот на

Одбраната во случајот „Пулс“ бара целосен увид во доказите презентирани на судењето

Во судскиот процес „ПУЛС“, одбраната упати серија приговори на начинот на кој се изведуваат доказите, откако беше потврдено дека тие не се физички присутни во судницата за време на главната расправа. Судијата

Од нуклеарна енергија до кинематографија: ПУТИН И СИ ГИ ПРОДЛАБОЧУВААТ БИЛАТЕРАЛНИТЕ ОДНОСИ

Двете страни усвоија 20 документи, од кои некои беа потпишани од лидерите на двете земји, пренесува агенцијата РИА Новости и додава дека, конкретно, Путин и Си објавиле заедничка изјава за понатамошно зајакнување
Go toTop