Кузмановски: Требаше да победиме, ги имавме Унгарците в раце

January 15, 2025
1 min read

Ракометната репрезентација на Македонија беше на прагот на победа, но одигра реми (27-27) против големиот фаворит Унгарија на почетокот на Светското првенство. Имавме напад за триумф, водство и меч-топка, но не ја реализиравме, а Унгарија знаеше да се извлече и да израмни за еден освоен бод.

Капитенот Филип Кузмановски блескаше, постигна десет гола, диригираше во нападот со својот тим, и жали што не успеавме да стигнеме до триумф.

„Требаше да победиме. Сега жалиме за триумфот, навистина ги имавме в раце Унгарците, но на крајот направивме грешка во нападот, а тоа Унгарија го искористи да израмни. Но, мора да бидеме горди на тоа што го одигравме на почетокот на Светското првенство. Сега треба да се одмориме добро и да размислуваме за следниот противник Холандија“, изјави Филип Кузмановски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерот на Хамас, Ал-Хаја: „Нашиот народ нема да заборави никого што учествуваше во геноцидната војна“

Следно

Турскиот министер Фидан: Туркије ќе продолжи да ги поддржува Палестинците на секое поле

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop