Хамас за договорот за прекин на огнот во Газа: „Пресвртница во борбата против израелската окупација“

January 15, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Хамас го опиша договорот за прекин на огнот со Израел во Појасот Газа постигнат денес, а кој треба да стапи на сила во недела, како „пресвртница“ во неговата борба против израелската окупација, јавува Анадолу.

Палестинската група на отпорот го поздрави договорот како продукт на „легендарната непоколебливост“ на палестинскиот народ и издржливоста на отпорот на Газа во последните 15 месеци.

„Овој прекин на огнот е достигнување за нашиот народ, нашиот отпор, нашата нација и слободните луѓе во светот“, истакна Хамас преку соопштение. „Тоа е пресвртница во нашата тековна борба против непријателот и чекор кон постигнување на нашите цели за ослободување и враќање.“

Хамас нагласи дека договорот ја одразува неговата одговорност кон народот на Газа за запирање на израелската агресија, за ставање крај на масакрите и за запирање на геноцидот што ги погодува цивилите.

Групата, исто така, изрази благодарност за меѓународната поддршка што Газа ја доби, особено од арапските, исламските и глобалните заедници, за подигнување на свеста за израелските акции и барањата за прекин на насилството.

Хамас им се заблагодари на посредниците, особено на Катар и Египет, за нивните напори за олеснување во постигнувањето на договорот.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мухамед бин Абдулрахман Ал-Тани го објави постигнувањето на договорот на прес-конференција во Доха.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Кога е утврдено прекршување на Деловник на Собрание, поднесување оставка е нормален и морален чин

Следно

Фон дер Лајен: Израел и Хамас мора „целосно да го спроведат“ прекинот на огнот

Latest from Blog

Нејмар одби да игра поради теренот, во „луда завршница“ неговиот тим загуби со гол даден со „ножички“ (Видео)

Сантос загуби со 1:2 на гостувањето кај Атлетико Минеиро во меч на кој Нејмар одби да игра поради тоа што теренот има вештачка подлога. Овој натпревар беше директна борба за петтото место

Инвестиција од над две милијарди долари во Халкидики: Отворен рудникот „Скуриес“

Во североисточниот дел на Халкидики на 8 октомври свечено беше отворен рудникот за бакар и злато „Скуриес“, инвестиција вредна повеќе од две милијарди долари. Комерцијалното производство е најавено до крајот на 2026

БИО ЕНТЕРПРАЈЗ ДОБИ ПРИЗНАНИЕ ОД „МАКПРОГРЕС“ ЗА ПОМОШТА ПРИ ПОЖАРОТ ВО ФАБРИКАТА „ВИНЧИНИ“

Био Ентерпрајз, компанија од групацијата ФЕРО ИНВЕСТ / ЦЕНТРАЛ ИНВЕСТ, доби плакета за благодарност од „Макпрогрес“ за помошта што ја обезбеди при големиот пожар кој пред една година зафати дел од фабриката
Go toTop