Петрушевски: Кога е утврдено прекршување на Деловник на Собрание, поднесување оставка е нормален и морален чин

January 15, 2025
1 min read

Потполно се сложувам дека по автоматизам интерпелацијата не значи разрешување на одреден функционер. Меѓутоа, јас тука не ја гледам логиката дека ова мора да биде така. Во скоро сите европски земји, никаде интерпелација, односно изгласување на интерпелација на работа на функционер по автоматизам значи и оставка на самиот функционер. Претпоставувам дека нивото на демократија е поголемо таму и се остава на свеста на самите функционери. Меѓутоа интерпелацијата таму ја гледаат и како алатка на опозицијата и за надзор на работењето на носителите на јавни функции. Често ја користат за поттикнување на јавна дебата, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на вечерашното гостување на Телма телевизија во емисијата „Топ Тема“, каде фокусот беше насочен во делот на интерпелациите и нивното значење и влијание.

Петрушевски се осврна на актуелната тема по однос на поднесената интерпелација кон Илире Даути, посочи дека кога веќе е изгласано и утврдено дека има прекршување на Деловник на Собрание, на Устав, не треба да постои простор за размислување дали е потребно поднесување на оставка.

-Она што е различно кај нас и таму е тоа што таму демократската свест е многу поголема. Во нормален развиен демократски свет доколку ти изгласаат интерпелација со која се утврдува дека недвосмислено е утврдено дека има прекршување на Деловникот на Собрание, на Уставот, не се размислува повеќе дали некој треба да поднесе оставка или не. Тоа е нормален морален чин, дециден е Петрушевски.

Петрушевски ја нагласи важноста од потребата за постоење на морален чин од страна на Даути, односно испрати јасна порака дека е потребно да поднесе оставка, за нормално продолжување на функционирање на Комисијата.

-Очекуваме Илире Даути да поднесе оставка со што ќе ја отвори постапката за именување на друг претседател на комисијата кој ќе доаѓа од редовите на Европски фронт. Треба да дадат друго име да го изгласаме преку Комисија и да заврши оваа сага која се случува, заклучи Петрушевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Села на Вевчански карневал – Шабани: Морбидно е исмевањето на обидот за убиство на Села

Следно

Хамас за договорот за прекин на огнот во Газа: „Пресвртница во борбата против израелската окупација“

Latest from Blog

Ученик донел сачмарка во училиште – ДИРЕКТОРОТ ЗАСТРЕЛАН ВО ЗАДНИКОТ!

Нова шокантна трагедија го потресе францускиот образовен систем – четиринаесетгодишен ученик отвори оган со ловачка пушка калибар 12 во училиштето „Жозеф Лаканал“ во францускиот град Обањ, во близина на Марсеј, при што

Николоски: Со Букојчани – Кичево го заокружуваме автопатското поврзување на западниот дел од Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево до Букојчани со автопатско решение ќе даде целосна смисла на Коридорот 8,

Нејмар одби да игра поради теренот, во „луда завршница“ неговиот тим загуби со гол даден со „ножички“ (Видео)

Сантос загуби со 1:2 на гостувањето кај Атлетико Минеиро во меч на кој Нејмар одби да игра поради тоа што теренот има вештачка подлога. Овој натпревар беше директна борба за петтото место

Инвестиција од над две милијарди долари во Халкидики: Отворен рудникот „Скуриес“

Во североисточниот дел на Халкидики на 8 октомври свечено беше отворен рудникот за бакар и злато „Скуриес“, инвестиција вредна повеќе од две милијарди долари. Комерцијалното производство е најавено до крајот на 2026
Go toTop