Кавадарци ги повика верниците да се пријават за манифестацијата со светиот крст за Водици

January 15, 2025
1 min read

Кавадаречката локална самоуправа денеска ги повика верниците да се пријават за манифестацијата со светиот крст за Водици.

-Општина Кавадарци и годинава со црквите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“, ја продолжува традицијата за положување на светиот крст за прославата на Водици. Покана до сите кои сакаат да учествуваат на овој убав црковен чин, да дојдат во црквата „Свети Димитрија“ и заедно со поворката и свештените лица, со литија да се упатат кон градскиот мост, соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Оттаму потсетија дека настанот ќе се одржи во недела, 19 јануари.

-Положувањето на светиот крст ќе биде од 11 часот во водите на реката Луда Мара, на градскиот мост на улицата „7 Септември“, веднаш по одржувањето на божествената литија, како и во месноста Моклиште од 12 часот. За најсреќните учесници кои ќе го фатат крстот, следуваат пригодни подароци, информираа од градоначалничкиот кабинет.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Јавното обвинителство

Следно

Јужна Кореја, САД и Јапонија одржуваат заеднички вежби по лансирањето на ракетите од Северна Кореја

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop