ДЗР: ДЗС нема национална стратегија за заштита и спасување и доволно квалификуван персонал и несоодветно управува со имотот

January 15, 2025
1 min read

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се соочува со сериозни предизвици во своето функционирање поради немање национална стратегија за заштита и спасување, недостиг на квалификуван персонал и неадекватно управување со имотот и опремата. Ова создава значителни ризици за безбедноста на земјата, особено во услови на природни непогоди и други несреќи, каде брзата и ефективна реакција е од клучно значење, соопшти Државниот завод за ревизија (ДЗР).

ДЗР изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на ДЗС за 2023 година.

-Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2023 година и за усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Со одлуки на Владата во 2005 година на ДЗС и се отстапени на користење вкупно 198 објекти (100 засолништа и 98 деловни простории – канцеларии, магацини, гаражи и друго). Во деловните книги се евидентирани 24 градежни објекти (12% од вкупниот број на доделени објекти), но за нив не беа презентирани имотни листови и документација за применетата методологија по која е извршена проценката на нивната вредност. Во 2019 година ДЗС до Бирото за судски вештачења има доставено барање за извршување процена на 32 градежни објекта. Бирото доставило Процена на вредноста, но до денот на известување од извршената ревизија деловните објекти не се евидентирани во деловните книги на ДЗС, наведува ДЗР.

Според ревизијата, за останатите 142 градежни објекта (72% од вкупниот број дадени на користење) не е почната постапка за проценка на вредноста и евидентирање во деловните книги на ДЗС, иако за оваа состојба дадена е препорака и во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија за 2010 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател бара Израел да ја прекине агресијата врз Сирија

Следно

Влада: Протестите се малициозни и политички мотивирани, платите не се високи, но можностите се лимитирани

Latest from Blog

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на
Go toTop