Анчелоти презема драстични мерки за да избегне дополнително понижување од Барселона

January 15, 2025
1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти размислува за значителни промени во својот тим за да избегне повторување на понижувачки порази како оној од Барселона (2:5) во финалето на шпанскиот Суперкуп и претходниот во Ла Лига (0:4).

Според „The Athletic“, Анчелоти планира да донесе повеќе рамнотежа во одбраната со вклучување дополнителен играч од средниот ред на сметка на еден од напаѓачките играчи.

Најверојатен избор за преселба на клупата е Родриго, кој сезонава има седум гола на 23 натпревари.

Против Барселона, Реал Мадрид излезе со офанзивна четворка вклучувајќи ги Килијан Мбапе, Винисиус, Родриго и Џуд Белингем, што остави големи празни места помеѓу нападот и средниот ред – слабост што вешто ја искористи противникот.

За зајакнување на средината, Анчелоти размислува да го врати Аурелиен Чуамени во средниот ред, додека Раул Асенсио би можел да заземе место во центарот на одбраната. Алтернативно, Чуамени би можел да остане во одбраната и Дани Себаљос или Лука Модриќ да бидат вклучени во средниот ред во формацијата „дијамант“. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестина ја повика меѓународната заедница да ги отфрли израелските закони против УНРВА

Следно

Турскиот претседател бара Израел да ја прекине агресијата врз Сирија

Latest from Blog

Нема докази за влијание: Одбиена иницијативата на Ристоска

Советот на јавните обвинители денеска едногласно ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, во која таа тврдеше дека е изложена на политички притисоци и надворешни влијанија поврзани со нејзината работа на предмети.

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение
Go toTop