Норвешка: Само дводржавното решение може да донесе вистински мир во долготрајниот израелско-палестински конфликт

January 15, 2025
1 min read

АТИНА (АА) – Министерот за надворешни работи на Норвешка, Еспен Барт Еиде, денес изјави дека дводржавното решение може да донесе вистински мир во долгогодишниот израелско-палестински конфликт, јавува Анадолу.

Во своето обраќање на отворањето на состанокот на Глобалната алијанса за имплементација на дводржавното решение, Еиде нагласи дека прекинот на огнот во Појасот Газа, што се очекува наскоро да биде финализиран и официјално објавен, е само почеток.

„Меѓународната заедница мора да одреди како оттука да преминеме кон нешто што може да донесе вистински мир за народот на Палестина, да се оствари нивното неотуѓиво право на самоопределување, избор и водење на својата влада и држава“, изјави тој.

Состанокот во норвешката престолнина Осло е третото следствено заседание на Алијансата, која беше формирана минатиот септември, по состаноците во саудискиот главен град Ријад и во Брисел.

Конференцијата се одржува во услови на продолжена воена агресија на израелската Армија врз Газа, во која од 7 октомври 2023 година досега се убиени околу 46.600 Палестинци, главно жени и деца, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за итен прекин на огнот.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во оваа енклава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тажно: Исчезнатата Лидија е жената која беше извлечена од Вардар

Следно

Светот зборува за големиот шампион, Луис Хамилтон го менува името

Latest from Blog

Светот се трка по критични минерали, Македонија има потврден бакар во Иловица

Трката за критични минерали забрзува, а САД и Кина во моментов се позиционирани пред Европската Унија во обезбедувањето на суровини што се неопходни за одбранбената индустрија и зелената транзиција, пишува „Фајненшел тајмс“.

ВЛЕН: Скопје поблиску до Приштина – започна реализацијата на автопатот Скопје–Блаце

ВЛЕН соопшти дека денеска официјално започна реализацијата на втората фаза од автопатот Скопје–Блаце, проект кој, според коалицијата, има историско значење за поврзувањето на Северна Македонија со Косово и со регионот. Станува збор

Сабах е фудбалско чудо: Со тим вреден 17 милиони евра и само 9 години постоење ќе игра во ЛШ

Азербејџанскиот шампион Сабах чудесно се пласираше во главната фаза на Лигата на шампионите благодарение на гол во 90+4 минута и брилијантна игра во судиското продолжение. Тие ја неутрализираа убедливата победа на израелскиот

ФОТО + ВИДЕО | Паника на романска плажа: МЕЃУ ЛЕЖАЛКИ ПРОНАЈДЕН ДРОН СО ЕКСПЛОЗИВ

Вознемирувачко откритие утрово ја вознемири плажата во романското црноморско одморалиште „Олимп“, каде било пронајдено парче од дрон меѓу лежалките. Според романските медиуми и извори на телевизијата „Антена“, остатоците содржеле експлозивно полнење, а

Почнува формирањето на Академијата за јавни службеници

„Академијата не е само институционална новина. Таа е инвестиција во квалитетот, интегритетот и ефикасноста на јавната администрација, а со тоа и во довербата на граѓаните во институциите.“ Со овие зборови министерот за
Go toTop