Муцунски за евроинтеграциите: Нашиот пристап е да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери

January 14, 2025
1 min read

Нашиот пристап е да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери во делот на испорачаните реформи и во усогласеноста со заедничката безбедносна политика на Унијата. Сакам Европската Унија да каже:

-Оваа е владата што испорачува реформи, но истовремено да изнајдеме рационално решение со Бугарија кое ќе гарантира дека по шест месеци нема да се вратиме на позиција каде тие повторно ќе најдат причини да ги блокираат нашите евроинтеграции, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Топ Тема“.

Муцунски зборуваше за актуелното расположение во Брисел во однос на проширувањето на Унијата и потребата од предвидливост на процесот. „Ме радува што реториката од чинителите во Брисел вклучува дијалог и изнаоѓање рационални решенија, а не само уставни измени – промена што како влада успеавме да ја иницираме во последните шест месеци,“ додаде тој.

Суштината, според Муцунски, е обезбедување предвидливост на патот кон членството, што во моментот може да се постигне преку уставни измени со одложена примена. „Ако чинителите во Брисел имаат други идеи за предвидливост, отворени сме за дијалог, но преку консултации со експертската заедница, невладиниот сектор и јавноста,“ нагласи тој.

Министерот истакна дека владата нема да се однесува аматерски и парадерски, како што тоа било случај во минатото, туку ќе покаже професионален и стратегиски пристап. „Треба да се бориме, но и да бидеме свесни за нашите силни страни – стратешката позиција на нашата држава и фактот дека Европската Унија не може да си дозволи уште една грешка во однос на нашата интеграција,“ посочи тој.

Во однос на решавањето на проблемот со Бугарија, Муцунски нагласи дека најдобро е тоа да се постигне со политичка влада која ќе има целосен легитимитет.
-Гледајќи низ призмата на лошата пракса од минатото, сметаме дека разговорите треба да се водат со влада со целосен политички легитимитет, истакна министерот.

Муцунски зборуваше и за стратешкото партнерство со САД, за кое очекува во иднина да се продлабочува, како и за измените на Законот за надворешни работи.

-Овие измени, кои предвидуваат професионализација на дипломатаија, се историски според нивната суштина, рече тој.

Во делот на именувањето на идните амбасадори, министерот посочи дека приоритет ќе биде пронаоѓањето на најдобрите можни кадри, било од Министерството за надворешни работи или од академската и општествената заедница, кои во минатото се покажале како исклучителни професионалци што работат во интерес на државата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково – активни забрани за тешки возила на неколку правци

Следно

Минчев: Направени се значајни напори за стабилизирање на буџетот и зголемување на платите во различни сектори

Latest from Blog

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

Пораката како што посочи генералниот секретар на Алијансата Руте е дека потребна е модернизација на одбранбените капацитети, во време кога заканите стануваат се покомплексни и понепредвидливи. Алијансата како што оцени тој е

Николоски: Од една точка ќе се добиваат услуги од 15 институции за побрз увоз, извоз и транзит

Националниот Едниошалтерски Систем претставува еден од најзначајните проекти за дигитализација и модернизација на постапките со увозот, извозот и транзитот на стоки. Неговата цел е да обезбеди единствена електронска платформа преку која компаниите

МБИ10 со ново намалување: Над 13 милиони денари промет на берзанската сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.403,28 поени. Во однос

Божиновска: Продолжен рокот за државната поддршка – нова можност на граѓаните да обезбедат до 30.000 денари за приклучок или котел на гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка за домаќинствата кои инвестираат во гасификациски решенија. Новиот рок за поднесување барања е до 31 октомври 2026
Go toTop