Топ 10 ѕвезди што нема да ги гледате на Светското првенство во 2025 година!

January 14, 2025
1 min read

Светското првенство во ракомет почнува денеска, а се одржува во Хрвтска, Норвешка и Данска. Претходната 2024 година беше со настани, поточно пренатрупана со распоред и бројни натпревари, што си го направи своето и попречи добар дел од играчите кои поради повредите нема да им бидат достапни на репрезентациите.

Никола Билиќ: Нема да им биде достапен на Алеш Пајовиќ и Австрија. Австрискиот капитен ќе го пропушти Мундијалот поради повреда на бутниот мускул.

Омар Инги Магнусон: Исланд ќе остане без најважниот играч и плејмејкер на ова првенство, играчот на Магдебург кој заработи тешка повреда на зглобот на мечот од Бундеслигата против Битигхајм, а неговото враќање на терените би можело да дојде дури на крајот на февруари.

Феликс Клар: Средниот бек на Магдебург и шведската репрезентација се уште нема одиграно ниту еден натпревар во новата сезона поради повреда на Ахиловата тетива, па операцијата беше неизбежна по завршувањето на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

Харалд Рајнкинд: Норвешкиот интернационалец и десен бек од Кил исто така ќе го пропушти Светското првенство. На Олимпијадата имаше проблеми со повреди на двете петици, па по враќањето од Париз беше опериран. Се уште не се знае кога може да се очекува враќањето на норвешкиот десен бек.

Мадс Хоксер: Десниот бек на Алборг и репрезентацијата на Данска нема да игра на Светското првенство оваа година. 24-годишниот Хоксер го повреди рамото во октомври, по што беше опериран и треба да отсуствува пет месеци.

Јери Толбринг: Левото крило на Шведска исто така го пропушта планетарното првенство. Толбринг се здоби со скинати лигаменти на коленото на мечот од Лигата на шампионите во игра за ФК Берлин против Пари Сен Жермен.

Оскар Бергендал: Уште еден шведски репрезентативец и пивот на Магдебург нема да му биде на располагање на Микаел Апелгрен. На мечот од Бундеслигата против Гумерсбах, Бергендал го повреди скочниот зглоб при незгодно приземјување и се очекува да биде надвор од терените најмалку три месеци.

Макс Дарј: Вистинскиот кошмар продолжи за Шведска кога по повредата на Бергендал следен на листата на повредени се најде Макс Дарј. Пивотменот на Фиксе Берлин заработи повреда на лигаментите на коленото на пријателскиот натпревар меѓу Шведска и Исланд, па на негово место во тимот ќе дојде Андреас Нилсон.

Мануел Зендер: Швајцарија е без својот најдобар играч. На пријателскиот натпревар против Италија, плејмејкерот на Магдебург заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото, што речиси сигурно ќе ја заврши сезоната со долг период на опоравување.

Арон Палмарсон: Лоши вести за Исланѓаните. По Омар Инги Магнусон, Светското првенство го пропушта и капитенот на Викинзите Арон Палмарсон. Селекторот на репрезентацијата, Снори Гудјонсон, ја објави лошата вест дека искусниот среден бек, сега нов стар член на Веспрем, нема да игра за Исланд поради повреда на мускулот на потколеницата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските напади убиени уште 61 Палестинец, билансот надмина 46.600

Следно

Турскиот министер Болат: Туркије очекува забрзување на преговорите за Царинската унија

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop