Отповиканиот претседател на Јужна Кореја не присуствуваше на првото сослушување на судењето за воена состојба

January 14, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Отповиканиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, денес одби да присуствува на првото сослушување за неговото судење во Уставниот суд за краткотрајниот обид за воведување воена состојба минатиот месец, пренесува Анадолу.

Сослушувањето за импичментот на Јун заврши за само четири минути поради отсуството на претседателот, објави сеулската новинска агенција „Јонхап њуз“.

Следното сослушување е закажано за четврток и ќе продолжи дури и ако Јун повторно одбие да присуствува.

Јун (63) беше должен да присуствува на првото од петте усни сослушувања пред највисокиот суд во однос на неговата одлука за воведување воена состојба од 3 декември.

Тој се соочува со судење откако на 14 декември во Парламентот беше поднесен импичмент. Моментно престојува во официјалната резиденција во главниот град Сеул и одбива да одговори на поканите од истражителите.

Највисокиот суд има рок од шест месеци да одлучи дали ќе ја потврди или отфрли одлуката за импичмент на Парламентот.

Јун е суспендиран од должностите, а државните работи ги извршува вршител на должност претседател од неговиот кабинет.

Во меѓувреме тим од антикорупциски службеници и полицијата побара од претседателската служба за безбедност и Министерството за одбрана да не ги спречуваат во вториот обид да го приведат Јун, кој се соочува со обвиненија за бунт и предавство.

Околу 200 припадници на неговото обезбедување и Министерството за одбрана го спречија приведувањето на Јун на 3 јануари.

Сепак, судот го продолжи налогот за апсење, а истражителите се решени да го приведат Јун.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Откриени се злоупотреби од неколку милиони евра во Фондот за иновации, се надевам дека обвинителството ќе постапува поажурно

Следно

Лоусон ги сподели своите очекувања за новата сезона во Формула 1

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop