Митревски: Одиме на секој натпревар да се надигруваме

January 14, 2025
1 min read

Македонскиот ракометен голман Никола Митревски изјави дека атмосферата е одлична во националниот тим и дека сите со нетрпение го чекаат стартот на шампионатот. Според репрезентативниот голман треба да се гледа со почит кон Гвинеја, иако е за првпат на Светско првенство, сепак има ракометари кои играат во европските лиги.

„Во завршна фаза сме на подготовките за СП. Атмосферата е одлична и сите со нетрпение го очекуваме првиот натпревар, знаеме што ќе не очекува таму и мораме 100% спремни да влеземе од самиот почеток на ова СП.Сите три противници се квалитетни репрезентации, но мислам дека и ние треба да сме меѓу трите репрезентации кои што ќе се пласираат во главната фаза. Иако Гвинеја е прв пат на Светско првенство, секако дека ќе дадат се од себе, имаат добри играчи кои играат во европски лиги, така да мислам дека групата е одлична за надигрување“, ни изјави Никола Митревски.

Нашите ракометари го ветуваат максимумот на теренот, тие се желни за победа, посакуваат да ја израдуваат нацијата во овие ладни јануарски денови.

„Одиме на секој натпревар спремни за надигрување, сите сме желни за победа. Иако имаме млади играчи, дел имаат по неколку големи натпреварувања зад себе, сигурно дека ќе го дадеме нашиот максимум. Дали тоа ќе биде доволно или не, ќе видиме после завршувањето на натпреварите“.

Македонија на ова СП ќе настапи со играчи кои играат во домашниот шампионат, за првпат во својата историја. Митревски како предност гледа во тоа што сите меѓусебе добро се познаваат.

„Да, веројатно ова е прв пат на големо натпреварување да имаме играчи коишто настапуваат само во македонското првенство, сите играчи добро се познаваат меѓусебе, така да ќе биде интересно да видиме како тоа ќе изгледа на теренот“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Температури под -10 степени- еве какво ќе биде времето до крајот на неделава (ФОТО)

Следно

На Попова Шапка 62 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 39

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop