„Борбата за правда продолжува, ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето“, вели Јанкуловска по ослободителната пресуда

January 13, 2025
1 min read

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, преку своја објава на социјалните мрежи се осврна на личните предизвици и правната битка што ја води во изминатите години.

„Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години,“ пишува Јанкуловска.

Таа ја изрази својата задоволство од денешната судска одлука, која ги уважила аргументите на нејзината страна. Истовремено, посочи на фактот дека и по долгата кривична постапка не е утврден виновникот за масовното прислушување, чин што, како што нагласува, ѝ го променил животот од корен и нанел ненадоместлива штета и на нејзиното семејство.

„Борбата за правда продолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето,“ истакна Јанкуловска, со уверување дека вистината и правдата ќе излезат на виделина.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Гаши да каже што ќе прави сега со Даути

Следно

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop