Русија тврди дека Украина се обидела да ја нападне компресорската станица на гасоводот „Турски тек“

January 13, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Русија денес објави дека Украина се обидела да ја нападне компресорската станица што го снабдува гасоводот „Турски тек“, јавува Анадолу.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана соборила девет украински беспилотни летала кои се движеле кон компресорската станица „Рускаја“ во јужниот руски регион Краснодар.

Се наведува дека нема жртви меѓу персоналот на станицата, иако инфраструктурата претрпела мала штета „поради фрагменти од соборените дронови“.

„Екипите за итна интервенција на ПЈСЦ Гаспром навремено ги отстранија последиците од паѓањето на отпадот, а опремата е обновена“, се наведува во соопштението.

Тие потврдија дека целта на нападот била да се запре испораката на руски гас за европските земји.

Украинските власти сѐ уште не ги коментираа тврдењата на Русија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради излизгана машина за чистење снег: Во прекин сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци

Следно

Рос Браун: Во историјата на Ф1 нема подобар од Шумахер

Latest from Blog

Најмалку 30 загинати во пожар во близина на Каиро, експлодирале плински боци во камион

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 15 се повредени во пожар што избувна по експлозија на плински боци во камион во гувернеријата Гиза, во близина на египетската престолнина Каиро – соопшти

„Бесни сме. И имаме шест наредби“: Протест во Скопје поради насилството врз жените

  Со едноминутно молчење во спомен на жените и девојките чии животи беа насилно одземени, вечерва во Скопје, започна протестот на Движењето за слобода и правда на жените „Ниту една повеќе“. Протестот

Драма во авион: Маж сакал да ја отвори вратата среде лет, патниците го совладаа (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на летот 1494, а видеото од настанот прикажува маж во конфликт со кабинскиот екипаж, пренесува ABC7. Патниците му помогнале на екипажот Според изјавата на еден од патниците, Шон Бенет,
Go toTop