АР и АНБ во моментов без директор Албанец! Зошто ВРЕДИ на назначи заменик директор во АНБ?

January 12, 2025
1 min read

Двете клучни безбедносни агенции во Македонија, Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, во моментов се без Албанци на раководните позиции.

При назначувањето во Агенцијата за разузнавање, претседателката Гордана Силјановска-Давкова избра двајца етнички Македонци да ги пополнат позициите директор и заменик директор, оставајќи ја институцијата без ниту еден Албанец на раководни позиции, како што беше пракса претходно. Политиката немаше моќ да го промени ова, бидејќи овде именувањата беа во рацете на претседателката.

Албанската коалиција во Владата, ВРЕДИ, на прашањето за ова, смирува со изјавата дека „имаат заменик директор во Агенцијата за национална безбедност, институција која според владината програма се очекува да се спои со Агенцијата за разузнавање“ и дека „по оваа реформа, предлогот на коалицијата ВРЕДИ за заменик директорот во Агенцијата за национална безбедност ќе биде и заменик во интегрираната разузнавачка служба“.

Помина повеќе од половина година, а спојувањето на двете агенции сè уште не е на повидок. Во меѓувреме и во АНБ, од ВРЕДИ сè уште никој не е назначен за заменик директор, функцијата што им припадна со поделбата на ресорите. Ова место е испразнето од ноември 2024 година, кога му заврши мандатот на Бесник Ферати, кадар на ДУИ.

За ова побаравме став од ВРЕДИ, но одговор не добивме во врска со тоа зошто нема назначено заменик директор во АНБ, или дали оваа позиција ќе остане упразнета се до спојувањето на АР и АНБ.

Што се однесува до спојувањето на овие две главни агенции за државна безбедност, на почетокот на јули 2024 година, премиерот Мицкоски изјави дека очекува процесот да трае неколку месеци. Но, на прашањето за ова на крајот на декември 2024 година, тој повторно рече дека постапката бара време, дека нема да биде брза, ниту јавна, па затоа побара трпение.

Како заклучок, додека законот за спојување на агенциите е во тек, целосно во тајност, ниеден Албанец не е на чело на некоја од овие институции.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Постара брачна двојка загина во пожар во Крива Паланка

Следно

Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица

Latest from Blog

Божиќен куглоф

Почестете се себеси и вашите најблиски, во овој посебен период, со овој многу едноставен но вкусен куглоф. Состојки: 150 грама интегрално брашно 80 грама густин 50 грама мелени бадеми 1 прашок за

СДС „како змија нозе“ го избегнува одговорот на прашањето: Гради ли ЗОРАН ЗАЕВ облакодер во ДУБАИ?

Нов, мизерен обид на СДС да ја скрие вистината за неимарските афинитети во Дубаи поврзани со криминал во Македонија на нивниот лидер во сенка Зоран Заев. Се уште во неверица и паника

Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарските ѓубриња

Американскиот претседател Доналд Трамп им посака на сите Среќен Божиќ на својот профил на социјалните мрежи, „вклучувајќи ги и радикалните левичарски ѓубриња“, осврнувајќи се на своите демократски противници, кои редовно ги обвинува

„Водовод“ Битола најавува 14 нови проекти во 2026 за зголемување на приходите и стабилизација на работењето

Јавното претпријатие „Водовод“ Битола во 2026 година планира реализација на повеќе од 14 проекти, со вкупна вредност од околу 65 милиони денари, со цел зголемување на приходите и постепено намалување на финансиската
Go toTop