Одбележана 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници на Армијата

January 12, 2025
1 min read

Со едноминутно молчење и полагање свежо цвеќе на спомен-обележјето во Катлановско Блаце, денеска 12 јануари, беше одбележана седумнаесет годишнината од трагичното загинување на единаесетте припадници на Армијата, кои ги загубија своите животи враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.

Почит на загинатите припадници на Армија им оддадоа делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од Командата за операции, 1.пешадиска бригада, воздухопловниот ВИНГ, од општината Петровец и членовите на семејствата.

АРМ

Во таа пригода, министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дена на местото на оваа голема трагедија оддаваме почит кон македонските херои заедно со членовите на нивните семејства, херои кои никогаш нема да бидат заборавени.

Претходно во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, на спомен обележјето пред командата на воздухопловниот ВИНГ со полагање свежо цвеќе беше оддадена почит од страна на припадниците на воздухопловниот ВИНГ.

АРМ

Почит кон единаесетте загинати македонски припадници ќе биде оддадена и во меморијалниот парк во кампот Бутмир, Сараево, во Босна и Херцеговина каде што нашите припадници беа дел од мисијата АЛТЕА.

Во хеликоптерската несреќа, на денешен ден пред седумнаесет години, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА трагично загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ и Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељаноски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Темп“: Швајцарија изрази подготвеност да биде домаќин на средба меѓу Трамп и Путин за Украина

Следно

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патот Струга – Ќафасан

Latest from Blog

Амбасадорката на САД Никол Варнс во прва официјална посета на Општина Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски и секретарот на општината Борче Димитровски денеска имаа средба со Никол Варнс вршителка на должноста амбасадорка во Амбасадата на САД во Македонија, која е во прва официјална

Коњановски: Интензивно се работи на модернизација на улиците во Битола (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во видео обраќање истакна дека и покрај предизвиците со старата инфраструктура во градот, локалната самоуправа интензивно работи на подобрување на уличната мрежа и веќе се реализирани

Трамп очекува брз крај на војната

Претседателот Доналд Трамп предвиде брз крај на војната со Иран, бидејќи Техеран разгледува мировен предлог на САД, за кој изворите велат дека формално ќе го заврши конфликтот, оставајќи ги нерешени клучните барања

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката
Go toTop