Во израелските напади убиени уште 28 Палестинци, билансот достигна 46.565

January 12, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 28 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади во Појасот Газа, со што тој биланс од октомври 2023 година се искачи на 46.565, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека во нападите досега се повредени најмалку 109.660 Палестинци.

„Израелските сили убија 28, а повредија 89 луѓе во два масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.

Израел ја продолжува геноцидната војна во Појасот Газа која ја започна по прекуграничниот упад на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Втората година од конфликтот наиде на растечка меѓународна осуда, при што официјални претставници и институции ги окарактеризираа нападите и блокирањето на испораката на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.

Во ноември 2024 година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите постапки во Појасот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчки војник од Балканските војни: Тие не се Бугари, ни Срби, ниту пак Грци, тие се православни Македонци

Следно

Херојската мачка со три нозе ги освојува срцата со својата енергичност

Latest from Blog

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше

Димовска: Условната осуда со надзор не значи дека сторителот останал неказнет

Пробацијата не претставува привилегија или неказнивост, туку начин на извршување санкција под надзор, со цел осуденото лице да се ресоцијализира. Ова го порача претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во
Go toTop