Вреди: ДУИ е изолирана партија, нема контрола ни врз пратеничката група

January 11, 2025
1 min read

„Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само 3 пратеници успеаја да гласаат ‘за’ интерпелацијата што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ“ велат од Вреди.

Според нив пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница и ДУИ е изолирана.

„Со ова гласање, потпретседателот на Владата Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борбата против корумпираното раководство на ДУИ, кое за жал е предводено од Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност во Северна Македонија, не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото“ велат од Вреди.

Според владејачката партија ДУИ е исклучена од меѓународната заедница и нема никаква поддршка и соработка со било која од останатите нормални прозападни политички субјекти во Македонија.

„Следниот пат кога Блерим Беџети ќе се обиде да креира политика, да се потсети на вчерашниот ден. Нема поголем губитник од него и неговата иницијатива. Исто како на претходните парламентарни избори, каде што ни гласовите на т.н.  Европски Фронт не му беа доволни и изгуби наспроти ВЛЕН. Се додека настапува како заштитник на Артан Груби, нема да поминува различно ни кај граѓаните, ни кај своите сопартијци. Ќе продолжи да биде само еден од губитниците“ велат од Вреди.

Тие апелираат дека единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Утре втор круг од претседателските избори во Хрватска, Милановиќ фаворит

Следно

ЗЕМАВ ЧАСОВИ ЗА ОРО, ОТИ САКАМ ДА ГИ УЧАМ МЛАДИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, ВЕЛИ ФРАНЦУСКО-МАКЕДОНСКАТА БАЛЕРИНА РОКСАН СТОЈАНОВ, ПРОГЛАСЕНА ЗА ЅВЕЗДА НА ПАРИСКАТА ОПЕРА

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше
Go toTop