Адвокатите на жртвите во Сирија бараат од МКС апсење на Асад и неговите соучесници

January 11, 2025
1 min read

ДАМАСК (АА) – Адвокатите кои ги застапуваат жртвите во Сирија побараа од Меѓународниот кривичен суд (МКС) „итно“ да издаде налози за апсење на Башар ал-Асад и 17 високи функционери за воени злосторства и злосторства против човештвото, јавува Анадолу.

Во изјава по средбата со сириските власти, Ѓулден Сонмез и Џихат Ѓокдемир истакнаа дека започнале постапка во 2017 година во име на нивните клиенти, кои страдале од режимот на партијата Баас, за кривично гонење на Асад и високи воени и политички лица пред МКС во Хаг.

Нагласувајќи дека досиејата на жртвите се и понатаму отворени поради условите поврзани со сириската војна, Сонмез и Ѓокдемир рекоа: „Со падот на режимот на Башар ал-Асад на 8 декември 2024 година, злосторствата против човештвото и воените злосторства извршени од страна на Асадовиот режим беа обелоденети пред светот“.

Адвокатите побараа брза акција. „Го повикуваме обвинителот на МКС од Дамаск итно да издаде налози за апсење на Башар ал-Асад и високи функционери врз основа на постоечките досиеја за случајот“.

– Повик за истрага и правда –

Сонмез и Ѓокдемир побараа од МКС да испрати делегација во Сирија за истрага на терен.

„Во оваа ужасна војна, обележана со систематско мачење, силување и употреба на хемиско и друг вид оружје за масовно уништување, мора итно да се започнат судења на воените злосторници за да се обезбеди правда за жртвите“, се вели во соопштението.

Тие, исто така, повикаа институциите, невладините организации и поединците со докази за злосторствата на режимот да споделат информации или да се вклучат во случајот пред МКС.

„Отворени сме за сите форми на соработка за да се обезбеди правда“, рекоа адвокатите, повикувајќи на петиции и докази за зајакнување на случајот.

– Следни чекори –

Говорејќи пред зградата на судот во Дамаск, Сонмез рече дека нивниот тим поминал 10 дена во Сирија, запознавајќи ги жртвите и запознавајќи се со нивните искуства од прва рака.

„Ќе се вратиме во Истанбул, а потоа ќе продолжиме во Хаг со нашата делегација меѓународни адвокати за да преземеме чекори за апсење на Асад и другите сторители“, рече Сонмез.

Башар ал-Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските сили го зазедоа Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на шестдецениското владеење на партијата Баас.

Падот на режимот уследи по молскавичната офанзива на борците на Хајат Тахрир ал-Шам, кои ги зазедоа клучните градови за помалку од две недели.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трипуновски: Министерството заедно со земјоделските здруженија ги креира Програмите за 2025 година

Следно

Турските сили неутрализираа 11 терористи на ПКК во северен Ирак

Latest from Blog

На Халкидики почнува со работа рудникот за бакар и злато, македонското рударство „тоне“

Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет

Божиновска: Македонија станува важна енергетска врска во регионот, градиме решенија што ќе траат со генерации

Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката

ВЛЕН: Додека министрите на ДУИ играа фудбал во канцелариите, нивните партнери во власта им даваа голови

Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената

Пожари во две руски рафинерии по напади со украински дронови во Самарската област

Две рафинерии на руската нафтена компанија „Роснефт“ утрово се зафатени од пожари во Самарската област, по напад со украински беспилотни летала, објавија украински медиуми, повикувајќи се на извештаи од теренот. Станува збор

Аеродром ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

Општина Аеродром ги повикува граѓаните да достават идеи, предлози и иницијативи за буџетот за 2027 година, со цел во него да се вклучат потребите и приоритетите на жителите од сите населби. Предлози
Go toTop