Зголемена брзина најчеста причина – 9 жртви од 842 сообраќајки во Тетово минатата година

January 11, 2025
1 min read

Во текот на минатата година во Тетово се случиле 842 сообраќајни незгоди. Последиците се 9 загинати, 67 тешко повредени, 373 со полесни телесни повреди, додека во 394 незгоди направена е само материјална штета. Споредено со 2023 година, во 2024 година има намалување на несреќите.

„Евидентирани се вкупно 842 сообраќајни незгоди што е за 10% намалување во однос на истиот период од 2023 година, додека годинава имаме негативно салдо во однос на жртви бидејќи во 2024 година се евидентирани 9 жртви, од кои 5 возачи. , двајца пешаци, еден велосипедист и еден сопатник“, вели Фатмир Реџепи.

Сообраќајниот инженер Блерим Неими причината за несреќите ја гледа во невниманието и на возачите и на пешаците, но истакна и други фактори кои можат да доведат до сообраќајни незгоди, како што се временските услови и лошите патишта.

„Без дилема прва работа е брзото возење, непочитување сообраќајни правила од учесниците и од возачите и пешаците кои поминуваат улица каде ќе им текне, непочитување на белите линии итн. Вреди да се спомене и временскиот период каде е присутна влажноста, а има и намалена видливост, поради што во овој период се почести сообраќајните незгоди, како и факторите како што се оштетените патишта“, порача Блерим Неими.

Почестите контроли од надлежните би биле добра превенција за сообраќајни несреќи.

„Прво, на патот да има и сообраќајна полиција за да преземе мерки против возачите кои не внимаваат на брзината, да ги идентификува местата каде видливоста или јавното осветлување е многу слаба, каде има и сообраќајни незгоди, белите линии кои се дури сега, проблемот е што тие се повидливи во зимската сезона“, вели Блерим Неими.

И од тетовската сообраќајна полиција потврдуваат дека најчеста причина за сообраќајни незгоди е брзото возење. Во Тетово најкритични места остануваат магистралните и регионалните патни правци Тетово-Јажинце, Тетово-Пирок и Тетово-Волковија, како и главните градски булевари како „Видое Смилевски Бато“, „Илинден“ и „Благоја Тоска“.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗНАМ: Рарешувањето на Илире Даути е завршена работа

Следно

Трипуновски: Министерството заедно со земјоделските здруженија ги креира Програмите за 2025 година

Latest from Blog

Дали “новиот“ Ансу Фати е опција за Барселона?!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ансу Фати сè уште не го кажал конечното „да“ на Монако, бидејќи се надева дека би можел да ја добие својата последна шанса во Барселона. Каталонски извори објавија дека Фати чека

Коњановски пред студентите во Битола: Вратите на Општината се отворени за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето

Проданоски: Прилепските пожарникари се херои кои секогаш се на првата линија

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, во Прилеп беше одбележан празникот со пригоден настан, презентација на опрема и показна вежба на Територијалната противпожарна единица. На настанот присуствуваше и градоначалникот на

Одбраната во случајот „Пулс“ бара целосен увид во доказите презентирани на судењето

Во судскиот процес „ПУЛС“, одбраната упати серија приговори на начинот на кој се изведуваат доказите, откако беше потврдено дека тие не се физички присутни во судницата за време на главната расправа. Судијата
Go toTop