Проф.д-р Кузмановска: Трансплантацијата овозможува подолг и поквалитетен живот на пациентите кои имаат потреба од орган

January 11, 2025
1 min read

Проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, во “Добриот доктор” на Сител говореше за историјатот на трансплантацијата во Македонија, истакнувајќи дека во Македонија првата трансплантација е од жив донор, тоа е трансплантација на бубрег, извршена во 1977 година.

-Од тогаш континуирано се прават трансплантации на бубрег, како од жив донор, така и од починат донор, односно кадаверични трансплантации.

Додека трансплантации од починат донор се започнати во Македонија во 2014 година. Во 80-тите години на минатиот век всушност имало неколку, меѓутоа не се добро документирани, кога дури и на барање на семејствата на пациентите кои починале, сакајќи да направат едно големо хумано дело побарале да се донираат органите и тогаш се направени неколку кадаверични трансплантации на бубрег.

Нема прецизни информации колкав е тој број, но тоа е запишано во историјата на македонската медицина како почетоци. Тоа биле навистина пионери, нашите учители на кои морам да им оддадам почит. Потоа во 2014 година започнува развојот на кадаверична трансплантација, при што се трансплантираат и други органи, не само бубрези, туку и црн дроб, истакна проф. Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Таа се осврна и на потребата од органи од починат донор, особено што медицината оди напред.

-Пациентите кои имаат заболувања во напредната фаза се одржуваат подолго во живот медикаментозно и по конвенционален пат и поради продолжување на животниот век тие се кандидати за трансплантација. Значи не завршува медицината само на медикаменти, следен чекор кога ќе се исцрпи медикаментозната терапија е трансплантација. Животниот век се продолжува и потребата за трансплантација е да им се даде шанса на овие пациенти да си го доживеат барем просечниот животен век кој во 21 век во некои земји изнесува 80 години, додека во Македонија е 72 односно 73 години. Имаме пациенти кои чекаат срце, а имаат по 30 години.

Тоа е една метода која им овозможува на овие луѓе да живеат подолг односно нормален животен век.

Заради тоа е потребата од трансплантација, заклучи таа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Скопје фатен турски државјанин кој избегал од затвор, бил осуден на казна од 23 години

Следно

Во авионска несреќа во Колумбија загинаа 10 лица

Latest from Blog

Николоски од Прилеп: На 11 Октомври македонскиот народ покажа дека е на вистинската страна на историјата

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по повод 11 Октомври, Денот на народното востание, денеска во Прилеп положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифоски-Питу и

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Протекоа имиња на луѓе што Русите сакаат да ги ликвидираат. Една „мета“ на атентат неодамна беше во Загреб

Европските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија ги засилува напорите за атентат врз раководителите на одбранбените компании, поради што компаниите ги зголемуваат безбедносните мерки за своите врвни луѓе. Според информациите од претставници на
Go toTop