15 милиони за хуманитарни цели: Еј-Би-Си њуз (ABC News) плаќа за новинарот кој лажеше дека Трамп е силувач

December 15, 2024
1 min read

Американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си њуз (ABC News) се согласи да му плати на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп отштета од 15 милиони долари за да го реши спорот за клевета што ја изнел нејзиниот новинар Џорџ Стефанопулос.

Во интервјуто од 10 март годинава, со републиканска конгресменка која го поддржа Трамп, Стефанопулос постојано тврдеше дека Трамп е „прогласен за одговорен за силување“, што не е точно.

Поротата во граѓанската постапка минатата година утврди дека Трамп е одговорен за „сексуален напад“ според законот на државата Њујорк, но не го потврди обвинението за силување во строга правна смисла на терминот.

Според спогодбата, која прв ја објави Фокс њуз, Еј-би-си њуз, покрај отштетата, ќе објави и соопштение во кое ќе изрази жалење поради изјавите на Џорџ Стефанопулос.

Мрежата ќе донира 15 милиони долари во добротворни цели за основање претседателска фондација и музеј, како и уште еден милион долари за покривање на правните трошоци на Трамп.

На веб-страницата на Еј-би-си њуз ќе биде објавена фуснота по текстот од 10 март 2024 година, во која се вели: „Еј-би-си њуз и Џорџ Стефанопулос жалат за изјавите дадени во врска со претседателот Доналд Трамп за време на интервјуто со конгресменката Ненси Мејс во емисијата Оваа недела на 10 март 2024 година“.

 

Портпаролот на Еј-би-си њуз рече дека компанијата е задоволна што страните постигнале договор и го решиле спорот според условите од судскиот записник. .

Извор: МИА

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Груби и СДС го приватизираа судството кое носеше одлуки по нивна нарачка, дали и парите од митото заеднички ги делеле?

Следно

Повеќе од две недели Скопје губи питка вода поради дефект на цевка во Карпош 4

Latest from Blog

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и
Go toTop