СДСМ: Политиките на власта со „кошнички“ се промашени и немаат никаков ефект

December 14, 2024
1 min read

„Цените во маркетите растат а граѓаните живеат се потешко. Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од т.н ‘новогодишна кошничка’ кога трговците веќе ги зголемија цените на овие производи“, реагираат денеска од СДСМ.

Политиките на власта со „кошнички“ се промашени и немаат никаков ефект, истакнуваат од партијата, а измамата со кошничките граѓаните ја гледаат секој ден во маркетите каде што цените се зголемени.

Тоа го потврдуваат и последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажуваат поголема инфлација за 4,3% во месец ноември и зголемување на цените на мало за 3,5%, посочуваат во реакцијата.

За СДСМ „Високите цени и инфлацијата ги јадат семејните буџети, граѓаните имаат се помалку пари а тоа води кон поголема сиромаштија“.

„Лошите политики на Мицкоски удираат директно по џебот на народот. Наместо лаги и манипулации власта треба да почне нешто да работи за заштита на стандардот на граѓаните и да ги прифати издржаните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите“, укажуваат од најголемата опозициска партија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Се покажа компромитираноста на судството, Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат

Следно

Mojсова-Чепишевска на 90 години од раѓањето Видое Подгорец: Бардот на книжевноста за деца пишуваше за маргинализираните

Latest from Blog

Зошто шефот на ЦИА итно отиде во Москва? ИНФОРМАЦИИ ЗА ОПАСНИОТ ПЛАН НА ПУТИН

Станува сè појасно зошто директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, во вторникот брзо отпатува во Москва. Хамиш де Бретон-Гордон, поранешен командант на британските сили за хемиско, биолошко, радиолошко и нуклеарно оружје, во анализа

ВЛЕН: Неприфатлива е глорификацијата на Ратко Младиќ и воените злосторници

Политичката партија ВЛЕН остро ја осуди, како што наведува, секоја форма на глорификација на четниците, а особено на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и други тешки воени злосторства. Од партијата

Речиси 500 мигранти со чамци пристигнале во Велика Британија за еден ден

 Ова се првите регистрирани пристигнувања од 17 август, објавува Би-Би-Си. Вкупно 494 лица беа истоварени од седум чамци во Довер и префрлени во база на Командата за гранична безбедност. Гумените чамци влегуваа
Go toTop