Пензионерите против укинување на бесплатниот превоз во Скопје

December 12, 2024
1 min read

Партијата на пензионери изразува категорично противење на можноста за укинување на бесплатниот градски превоз за пензионерите во Скопје. Тие ја нагласуваат важноста на оваа мерка како значајна поддршка за пензионерскиот стандард, особено во услови на економски предизвици.

„Бесплатниот јавен превоз не само што го олеснува секојдневието на пензионерите, туку има и поширок позитивен ефект врз животот на учениците и студентите во главниот град,“ изјавуваат од партијата.

Партијата апелира до Владата и Советот на Град Скопје да ги анализираат сите аспекти на ова прашање и да продолжат со праксата која досега донесе многу придобивки за граѓаните.

„Грижата за пензионерите, младите и сите жители на Скопје е основна обврска на политичките субјекти и значајна долгорочна инвестиција,“ порачуваат од партијата, повикувајќи на сплотеност и одговорност во донесувањето одлуки.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Велковски: Македонската држава три децении пример за хуманост и солидарност кон бегалците и мигрантите

Следно

НАГРАДАТА „ЈАСМИН“ ЗА АТАНАС КОСТОВСКИ И ЉУПЧО ЈОЛЕВСКИ ЗА НОВИНАРСТВО И ЗА ИВАН АНТОНОВСКИ И ДЕЛВИНА КРЛУКУ ЗА ПУБЛИЦИСТИКА

Latest from Blog

Промет од 10,25 милиони денари на Берзата, МБИ10 намален за над 100 поени

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 19.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.905,21 поени. Во однос

Коњановски: Од улици и спортски терени до дневен центар – битолчани со предлози за новиот буџет

Инфраструктурата, образованието, спортот, културата и социјалната заштита беа меѓу областите за кои битолчани предложија проекти на денешната прва сесија од Буџетскиот форум за подготовка на општинскиот буџет за 2027 година. Општина Битола

„КУМОТ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ АЛАРМИРА за ризиците од сајбер-напади и нови вируси

Нобеловецот предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да предизвика катастрофални последици преку сајбер-напади, дезинформации и развој на опасни вируси Џефри Хинтон, добитник на Нобеловата награда за физика за 2024 година, рече дека
Go toTop