СДСМ бара Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

December 12, 2024
1 min read

Од СДСМ бараат Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот на Бојан Христовски во АНБ.

Портпаролката на партијата, Богдана Кузеска денеска на прес конференција истакна дека додека гледаат како партиски инсталираниот Директор на киднапирана Агенција за национална безбедност, Бојан Христовски е назначен и за асистент на Факултет, за скандалот околу неговиот избор молчат и Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Што се чека? До каде е предметот што го оформи Јавното обвинителство?

Зошто молчи Државната комисија за спречување на корупција?

Поминаа два месеци откако изби скандалот.

Доказите, фактите и аргументите кои се објавија и веќе се јавно достапни.

Се оспоруваат условите за именување на Директор на АНБ, сомнежи има за работниот стаж, образованието, искуството и јазичниот сертификат од Бугарија од непостоечка агенција.

Прашањето е дали воопшто ги исполнува условите да биде на оваа висока позиција.

Како што јавно соопшти ДКСК предметот за Христовски е отворен на 22-ри октомври. Еве го сме декември, речиси два месеци поминаа а разрешница нема.

Побара ли ДКСК од Просветниот инспекторат информации за факултетската диплома на Христовски од Универзитетот за менаџмент и туризам?

Бидејќи законскиот рок од 15 дена за одговор е поминат јавноста очекува ДКСК да ги соопшти сите наоди и сите детали за овој скандал.

Не сакаме да веруваме дека се прават обиди да се заташка овој случај.

Јавното обвинителство пак на 1 ноември соопшти дека отворило предмет за Христовски. Помина повеќе од од еден месец, нема никаква информација.

Да не треба некој како Мицкоски да ги прозива обвинителите дека добиваат главоболка, покачена температура, грчеви во стомак, дијареа?

СДСМ бара од Јавното обвинителство и од Државната комисија за спречување на корупцијата да ја информираат јавноста за предметите за овој скандал.

Клучната безбедносна агенција стана партиска испотава на ДПМНЕ кога наместо професионалец власта ја киднапираше АНБ со поставување претседател на Градскиот комитет за директор. 

Јавноста чека разрешница за лажните сертификати за познавање англиски јазик, за стажот, за образованието, дали е сторено кривично дело, кој ќе понесе одговорност?

Обвинителство и ДКСК должат одговор на клучното прашање: Дали воопшто Христовски ги исполнува условите пропушани со закон за да биде на оваа позиција? 

Ги повикуваме Јавното обвинителство ДКСК да излезат пред јавноста и да соопштат што досега е преземено и до каде е случајот за скандалот со Христовски“, вели Кузеска.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намалена видливост поради магла на Плетвар

Следно

Зелник, макало, сарма, ајвар и пастрмка- Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот

Latest from Blog

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини

Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД. „Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 30.000 шишиња вода за граѓаните

Поради актуелниот проблем со питката вода и забраната за нејзино користење за пиење, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар обезбеди 20.000 шишиња вода, кои ќе им бидат ставени на располагање на сите

Дешамп во неверување од барањето на неговите играчи пред натпреварот за бронза!

ФОТО: Équipe de France de Football/FB Според францускиот весник „Л’Екип“, некои француски репрезентативци му се обратиле на селекторот Дидие Дешамп со необично барање. Играчите сакале дозвола да се забавуваат во Мајами пред

Огнено ескалирање: ДОДЕКА КАНАДА СЕ БОРИ СО 200 НЕКОНТРОЛИРАНИ ПОЖАРИ, ТРАМП НАЈАВУВА КАЗНИ

Двесте пожари надвор од контрола горат ширум Канада, а нивниот чад ги прекри и подрачјата на североистокот на Соединетите Американски Држави, каде што живеат милиони луѓе. Според најновите податоци на канадските власти,
Go toTop