Израелската армија уби 37 Палестинци во воздушните напади низ Газа

December 12, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Израелската армија утринава уби најмалку 37 Палестинци во серијата воздушни напади насочени кон чуварите кои ги придружуваа камионите со хуманитарна помош, како и кон домовите во кои се засолнуваат раселените луѓе во Појасот Газа разурнат од војна, јавува Анадолу.

За Анадолу медицински извор изјави дека 15 Палестинци се убиени, а 30 се повредени во два израелски воздушни напада, чија цел биле чуварите што ги придружувале камионите со помош во западните области Рафа и Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа.

Израел за време на 14-месечната војна против Газа беше меѓународно осуден и за строгото ограничување на помошта за Појасот Газа, оставањето милиони луѓе во енклавата на раб на глад и за целење кон луѓето што дистрибуираат и примаат хуманитарна помош.

Во централниот дел на Појасот Газа убиени се уште 15 Палестинци во израелскиот воздушен напад врз објектот во кој се засолниле луѓето од семејството Хабаш, во западниот бегалски камп Нусејрат, изјави медицински извор за Анадолу.

Друг медицински извор, исто така, за Анадолу изјави дека седуммина Палестинци загинале, а има и повредени, меѓу кои и деца, во израелскиот воздушен напад врз зграда во градот Газа.

Во октомври 2023 година Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа во која досега загинаа повеќе од 44.800 луѓе, главно жени и деца.

Меѓународниот кривичен суд на 21 ноември издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна против Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотресите од Косово почувствувани во Македонија, еве со која јачина

Следно

Гвардиола: Манчестер сити е најдобриот тим и поразот од Јувентус нема да ме убеди во спротивното

Latest from Blog

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Ако одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање биде во корист на Левица, по чија иницијатива Судот веќе расправаше, тогаш Собранието ќе мора повторно да го отвори Изборниот законик, барем во

„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна
Go toTop