Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

December 12, 2024
1 min read

Генералното собрание на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС денеска на седница ќе дискутира за буџетот и акцискиот план на ЗЕЛС за 2025 година, како и за актуелни теми и предизвици со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа во нашата земја.

– Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски во обраќање пред делегатите ќе ги изнесе идните заложби за лобирање на ЗЕЛС пред централната власт за обезбедување законски одредби што ќе овозможат успешно спроведување на префрлените надлежности, но и продлабочување на процесот на децентрализацијата на власта во земјава, најави прес-службата на ЗЕЛС.

Како што информираат, меѓу приоритетните заложби се: изработка на нови методологии за распределба на средствата од блок дотациите; решавање на предизвиците со финансирањето на единиците на противпожарната заштита; итна имплементација на новата предлог-формула за распределба на средства за основно образование.

Ќе се дискутира за продлабочување на децентрализацијата во областа на социјалната заштита, но само доколку се обезбедат и соодветни средства за нивно квалитетно спроведување, што е во согласност и со Европската повелба за локална самоуправа.

-Донесување на Закон за општинска комунална полиција е заложба на ЗЕЛС што е доставено до Владата заедно со предлог текст на Закон. Во насока на обезбедување на нови електронски услуги за граѓанитe приоритет за ЗЕЛС е обезбедувањето на електронски систем за наплата на данокот на имот. ЗЕЛС иницираше и покренување на измени во Законот за локална самоуправа, особено во делот на покренување на соодветна постапка за одземање на мандатот на градоначалник. Активностите на ЗЕЛС одат и во насока на јакнење на капацитетите на општинската администрација преку обезбедување на квалитетни обуки што ги реализира ЗЕЛС тренинг центарот, но исто така и во натамошно безбедно одржување и поддршка за спроведување на електронските услуги за граѓаните, што ги обезбедува ЗЕЛС за општините, информираат од ЗЕЛС.

Генералното собрание на ЗЕЛС е највисокото тело во Заедницата и има вкупно 90 делегати, сите градоначалници во земјава и 9 члена на Комитетот на советите при ЗЕЛС, тело при ЗЕЛС составено од општински советници.

Најавени се изјави за медиуми на претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода и потпретседателите Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово и Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Познат составот на Шведска за СП 2025 година

Следно

Препораките на Оценската мисија за Судскиот совет- на Тркалезна маса

Latest from Blog

Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се

Илјадници Израелци излегоа на улиците во Тел Авив барајќи прекин на огнот и враќање на заложниците

СКОПЈЕ (АА) – Илјадници Израелци се собраа во Западен Ерусалим синоќа со барање за прекин на огнот во Газа и враќање на Израелците заложници што се држат во енклавата, известува Анадолу. Демонстрантите

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун – Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Во Скопје утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на средбата на лидерите од Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник)
Go toTop