Мицкоски: Се градат автопатите за Битола, Охрид, експресните патишта за Паланка и Градско Дреновска Клисура до крај на годината ќе бидат готови

December 10, 2024
1 min read

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ во делот на инфраструктура посочи дека најголем дел од проектите ги задвижиле во позитивна насока, укажувајќи дека за разлика од претходно, сега се градат автопатите.

-Ако гледаме што се случуваше еве шести месец можам да кажам дека најголем дел од проектите ги задвиживме во позитивна насока, за еден зборувавме од делницата Врбјани до Охрид тие 40тина километри практично ќе очекувам оваа туристичка сезона да се возат а компаниите кои работеа на таа делница не им беа платени фактурите од ноември месец 2023 година. Сега се тековни тие фактури, значи зборам па да не претераме некаде 70-80 милиони долари, објасни Мицкоски.

Потоа, делниците кои се дел од коридорот 8 и 10д, ја споменавте Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола покрај тоа што беа исплатени 15 милијарди денари аванс на терен реално немаше никакви работи, ништо не се случувало. Денеска веќе имаме фронт од 30-40 километри вкупно на двете делници. Ако земете дека сето тоа е 110 километри сите 4 делници зборам Гостивар- Букојчани, Требениште-Ќафасан, Прилеп-Битола и Гостивар-Тетово тоа значи дека ние работиме на отворена траса на 40 километри. Е сега Требениште-Ќафасан немаме отворена делница бидејќи 90 проценти е приватно земјиште и е во периметарот на заштитеното земјиште според УНЕСКО. Што се однесува до Тетово-Гостивар треба да се направи пат кој што кога ќе почнат активностите на овој пат кој што е постојан ќе ги сервисира граѓаните. Можете да замислите што ќе се случува во лето, рече премиерот Мицкоски и додаде дека експресниот пат до Крива Паланка до крајот на годината ќе биде готов.

-Еве експресниот пат од Чатал од Страцин конкретно преку Длабочица до Крива Паланка до крај на година ќе биде готов. Од Градско-Дреновска Клисура-Фариш ќе биде готов, има една карпа која треба да се третира, од прилика до март април следната година ќе биде готов, дециден е претседателот на Владата Мицкоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Стотици милиони евра префрале кон ЕСМ, а книжеле како капитални инвестиции

Следно

Милионска тужба против Мајк Тајсон за мечот против јутјуберот Џејк Пол

Latest from Blog

Димитриевски: Прагматично зголемување на минималната плата и цврста линија за ЕУ и уставните измени

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека минималната плата треба да се зголеми, но тоа да се направи врз основа на договор меѓу работодавачите и синдикатите, водејќи сметка

МБИ10 со пад од 0,16% – Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија –

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 27 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,16% и заврши на 9.932,53

Ливерпул продолжува да се потпира на Арне Слот

фото: Liverpool France (X) Добро познатиот новинар Дејвид Орнштајн коментираше за иднината на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот. „Сите наши информации, и покрај некои спротивни извештаи, се дека Ливерпул се потпира на

Уметноста на живеењето како заедничка вредност: Diners Club и Драмски театар во нова ера на соработка

Во срцето на секоја заедница стојат приказните кои не обликуваат, а во Скопје, тие приказни веќе осум децении се раскажуваат на сцената на Драмски театар. Токму во годината на овој значаен јубилеј
Go toTop