Бурата Ото ја погоди Скандинавија

February 18, 2023
1 min read

Поради бурата Ото која ја погоди Скандинавија, во Данска се евакуирани бројни станбени згради, затворен е мостот Оресунд кој ги поврзува Копенхаген и Малме во Шведска, а норвешките фериботи се откажани.

Ветровите достигнаа брзина и до 145 километри на час во југозападна Норвешка, а метеоролозите во Данска прогласија портокалова временска тревога за јужниот дел на полуостровот Јитланд.

Градежна компанија од Копенхаген евакуираше 280 жители од три станбени блокови, предупредувајќи дека невремето може да ги урне. Станува збор за станови од 1950-тите, изградени со грешки и не можат да издржат силни ветрови.

Додека невремето се движи источно од Норвешка, мостот Оресунд, преку кој минува и воз, е затворен.

Железничките линии меѓу Малме и Гетеборг се откажани, а возачите се повикани да не патуваат.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Долга е раката на Путин – на бугарски новинар му е забранет влез на Бафта-наградите, бил безбедносен ризик поради филм против Кремљ

Следно

Бериша до медиумите: Бојкотирајте го Рама или ќе се соочите со жестоки протести

Latest from Blog

Ирански медиуми тврдат дека новото видео на Нетанјаху е направено со вештачка интелигенција

 Иако најновото видео од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кое тој посетува кафуле, требаше да ги побие гласините за неговата смрт или повреда, се покажа дека е лажно и генерирано од вештачка

„Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас“

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема.

Една година од трагедијата во Кочани

Една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, градот и семејствата на жртвите и понатаму живеат со болката од најголемата трагедија
Go toTop