Сирискиот режим се повлече од подрачјето источно од реката Еуфрат

December 7, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад се повлекоа од центарот на покраината Ал Хасека и округот Камишли во североисточниот дел на земјата, источно од реката Еуфрат, оставајќи ги под окупација на терористичката организација ПКК/ЈПГ, соопштија денес локални извори, јавува Анадолу.

Армијата на сирискиот режим вчера повлече дел од своите сили стационирани во покраината Деир ез-Зор на истокот на земјата, која граничи со Ирак, и го предаде центарот на покраината на терористите на ПКК/ЈПГ.

Овој потег следи по една недела драматични случувања во земјата, во која силите кои се борат против Асад постигнуваат голем напредок на сметка на режимските сили.

– Терористичката ПКК/ЈПГ се обидува да го искористи безбедносниот вакуум –

Во услови на неуспех на режимот на Асад, терористичката ПКК/ЈПГ се обидува да ја искористи безбедносната ситуација.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица.

ЈПГ е огранок на ПКК во Сирија, место на тековни борби и регион каде што терористичката организација со години се обидува да воспостави терористички коридор долж турската граница.

Во последните години Туркије распореди војници и работеше со локални сојузници како што е опозициската Сириска национална армија за да го спречи ова и да го заштити локалното население од угнетувањето на терористите.

– Ситуацијата во Сирија –

Повторните борби меѓу режимските сили и антирежимските групи избувнаа на 27 ноември во руралните подрачја западно од големиот град Алепо.

До 30 ноември, опозициските сили презедоа контрола над поголемиот дел од центарот на градот Алепо и ја зазедоа покраината Идлиб.

На 1 декември, опозициската Сириска национална армија ја започна операцијата „Зора на слободата“ против терористичката организација ПКК/ЈПГ во подрачјето на Тел Рифат во руралниот дел на Алепо, ослободувајќи ја областа од терористички елементи.

Антирежимските сили ја зазедоа Хама во четвртокот и продолжија да напредуваат во текот на вчерашниот ден, заземајќи ги Растан и Талбисе во покраината Хомс.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Зголемување на платите за здравствените работници – Подобра грижа за граѓаните!

Следно

Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег, најмногу дожд во Крива Паланка и Виница

Latest from Blog

Ирански медиуми тврдат дека новото видео на Нетанјаху е направено со вештачка интелигенција

 Иако најновото видео од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во кое тој посетува кафуле, требаше да ги побие гласините за неговата смрт или повреда, се покажа дека е лажно и генерирано од вештачка

„Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас“

Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема.

Една година од трагедијата во Кочани

Една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, градот и семејствата на жртвите и понатаму живеат со болката од најголемата трагедија
Go toTop