Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој и поквалитетен животен стандард за граѓаните

December 7, 2024
1 min read

Буџетот за 2025 година е развоен и ветува повисоки плати, инвестиции и економски развој на државата. Владата за 2025 година се обврзува на целосна трансформација на Македонија и подобрување на животниот стандард за граѓаните, соопшти Владата на Република Македонија.

„Приоритет и цел е да обезбедиме поквалитетен живот за сите граѓани, иднина и просперитет на Македонија.

За таа цел Буџетот за 2025 година предвидуваме средства за зголемување на пензиите. Со ова предвидуваме 105 милијарди денари за пензиите, односно по 2500 денари повисоки пензии во март за пензионерите. Со ова го исполнуваме ветувањето за повисоки пензии на над 330.000 пензионери.

Исто така за исплата на плати обезбедени се 48 милијарди денари во ставката за плати и 2 милијарди денари дополнително во блок дотации за зголемување на платите во образованието. Предвидуваме и 14,5 милијарди денари за поддршка на ранливите категории, додека пак за здравствена заштита обезбедуваме 5,2 милијарди денари повеќе или вкупно 53,4 милијарди денари.

Во Буџетот за 2025 година е предвиден и растот на платите за вработените во образованието и просветните работници, како и растот на платите во здравството, здравствените работници и медицинските лица.

Како Влада посветено и одговорно работиме за стопанството. Како Влада веќе обезбедивме 250 милиони евра за инвестициски бум во општините. Со овие средства во општините ќе се градат училишта, градинки, патна и водоводна инфраструктура.

Средствата кои преку банките ги ставаме на располагање во форма на супер евтини кредити, односно договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите.

Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од можеби 800 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти за сопствена потреба, како и да учествуваат во проекти кои ќе ги инвестираат општините“ потенцираа во соопшението.

-Се обврзуваме пред граѓаните на економска трансформација, и ветуваме раст на БДП, но и нови странски директни инвестиции кои ќе генерираат раст и развој. Воедно, подадовме рака за дијалог со синдикатите и работодавачите, заеднички да носиме одлуки во интерес на граѓаните, нотираа од Влада.

Наша заложба и политика е да создадеме иднина за сите, да ги донесеме промените и да ја вратиме Македонија на правилната патека. Економијата е нашиот приоритет, потенцираа во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

Следно

Јужнокорејскиот претседател Јун се извини за обидот за воена состојба, рече дека партијата ќе одлучи за неговата судбина

Latest from Blog

Снегот предизвика сообраќаен хаос на Балканот

Снежното невреме низ Балканот денеска предизвика сообраќаен хаос, затвори училишта и остави илјадници домови без струја во Хрватска и Босна, додека лошото време во Словенија ги попречува напорите за пронаоѓање на двајца

Ердоган: Растечката агресија на Израел е обид да се засени сириската револуција, да се потиснат надежите на Сиријците

АНКАРА (АА) – Зад растечката агресија на Израел стои очигледен обид да се засени револуцијата во Сирија и да се потиснат надежите на Сиријците, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува

Ѓорги Христов назначен за технички директор во ФФМ

Ѓорги Христов, поранешниот македонски репрезентативец (48/16), со одлука на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ е именуван за нов технички директор во ФФМ. Еден од легендарните македонски фудбалери и

Сиријците во подрачјата разурнати од Асадовиот режим се надеваат на подобра иднина

ДАМАСК (АА) – По крајот на 61-годишното владеење на режимот на Баас, сцените со урнатини во подрачјата на Источна Гута, вклучително и Хараста и Кобар, во Дамаск, сведочат за огромните страдања што

Петрушевски: Работата на Владата дава ефект кај граѓаните и работите се испорачуваат токму како што беа ветени

На вечерашното гостување на Алфа Телевизија во емисијата „За или Против“ присуствуваше пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски, кој се осврна на резултатите од анкетата направена од страна на Маркет Вижн која
Go toTop