Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа достигна 44.612

December 6, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската Армија во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година достигна 44.612, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството за здравство во Газа се објавени најновите информации за израелските напади врз Појасот Газа, што траат веќе 427 дена.

Во соопштението се наведува дека 32 лица се убиени, а 95 повредени во масакрите извршени од израелската Армија во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа.

Бројот на убиени во израелските напади од 7 октомври 2023 година се искачи на 44.580, а бројот на повредени на 105.739.

Во соопштението се наведува и дека сѐ уште има мртви под урнатините и покрај патот, но дека медицинските екипи и службениците за цивилна заштита не можат да стигнат до нив поради пречките на израелската Армија.

Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа по нападот на Хамас во октомври 2023 година.

Втората година од геноцидот во Газа наиде на широка меѓународна осуда, при што официјални лица и институции ги осудија нападите и блокирањето на испораката на помош како намерен обид за уништување на населението.

Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговата војна против Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тројца полицајци од обезбедувањето на спикерот Гаши повредени во сообраќајка

Следно

Формула 1 го продолжи договорот со ГП на Кина до 2030 година

Latest from Blog

Чад ги прекри САД и Канада- на граѓаните им се препорачува да не излегуваат од дома (ВИДЕО)

Чадот од шумските пожари што беснеат во Канада и американската држава Минесота покри големи делови од Средниот Запад и Североисток, сериозно деградирајќи го квалитетот на воздухот и изложувајќи милиони луѓе на опасни

Силен земјотрес од 7,3 степени го погоди Мексико, зградите се виткаат како од гума- се очекува цунами (ВИДЕО)

Силен земјотрес го погоди брегот на мексиканската држава Чијапас, предизвикувајќи предупредување за цунами. Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека земјотресот имал магнитуда од 7,3 степени. 🇲🇽 #BREAKING: Terrifying video captures buildings swaying

Лимани: Нема медицински доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата

Во ваква ситуација, моја прва обврска е да ви ја соопштам состојбата точно, навремено и без прикривање на каква било информација, напиша градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, откако голем број на граѓани
Go toTop