Тројца полицајци од обезбедувањето на спикерот Гаши повредени во сообраќајка

December 6, 2024
1 min read

Тројца припадници од обезбедување на претседателот на Собранието Африм Гаши се повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село. Тие се во добра здравствена состојба, но ќе бидат задржани во болница.

Случајот го потврди спикерот Гаши, при денешната посета на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните во Охрид посочувајќи дека лицата се во добра здравствена состојба, но вечерва ќе бидат задржани во болница.

– Се случи сообраќајна несреќа на обезбедувањето. Веднаш отидовме во болница ги видовме тројцата припадници од безбедносните сили, кои се дел од обезбедувањето. Се прават сите снимки и анализи. Докторот и директорот на болницата не информираа дека нема потешки повреди, но ќе ги задржат вечерва да не се случи нешто во меѓувреме. Според сите информации, се е во ред со тројцата, изјави Гаши.

Случајот, како што нагласи, е уште една порака до сите инволвирани во изградбата на автопатот Кичево – Охрид да се работи интензивно и квалитетно.

– За жал тоа е уште една порака до сите кои работат на патот Охрид – Кичево, да се работи по интензивно и по квалитетно затоа што сите граѓани патат и ниту еден од нас не е имун на таквите работи. На секој граѓанин може да му се случи. Посакувам да оздрават што побргу и на никој да не му се случи, посочи претседателот на Собранието Гаши.

МВР соопшти дека денеска во 10:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, од патот излетало патничко моторно возило „сеат алтеа“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од Ј.Л.(37), во кое сопатници биле И.Б. и Б.М, сите полициски службеници.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возило на МВР излета од патот Охрид – Кичево, три лица повредени

Следно

Билансот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа достигна 44.612

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop