ЛОНДОН (АА) – Според извештајот подготвен од Амнести интернешнал, акциите на Израел во Газа и изјавите на властите откриваат геноцидни намери и злосторство, известува Анадолу.
Во извештајот што го објави организацијата под наслов „Се чувствувате како луѓе од втора класа: Геноцидот на Газа врз Палестинците во Газа“, се наведува дека Израел ги продолжил нападите врз Газа што ги започна по 7 октомври 2023 година, без да одговара за било што.
Во извештајот кој ги испитува нападите на Израел врз Газа, во кој ја проценува загубата на животи и степенот на уништување, во исто време покажува дека дејствијата забранети со меѓународното право биле побарани од функционери на високи функции.
Во извештајот, во кој се наведува дека делумно или целосно уништување на група не е потребно за злосторството геноцид, туку дека за тоа е доволна геноцидната намера, биле истражени акциите на Израел врз Газа во периодот од 7 октомври 2023 година до јули 2024 година.
При подготовката на извештајот, биле интервјуирани 212 лица и биле разгледани визуелни докази, вклучително и сателитски фотографии.
Во тие рамки биле проценети и изјавите на израелските владини и воени претставници, а извештаите во врска со овие изјави му биле презентирани и на Израел. Амнести интернешнал објави дека немаат добиено одговор од Израел.
– Тврдењата дека Хамас се крие меѓу цивилите не се доверливи
Според извештајот, повеќето од 42.000 цивили се убиени во офанзивите на Израел врз Газа во неселективни, директни и намерни напади.
Во извештајот се наведува дека во нападите се уништени многу семејства кои заедно живееле неколку генерации и дека Газа во голема мерка станала неповолна за живеење.
Гладта, неисхранетоста и епидемиските болести, како што се наведува во извештајот, се појавиле и во Газа предизвикани од Израел и се нагласува дека оваа ситуација полека ги убива жителите на Газа.
Во извештајот се потсетува и дека Палестинците од Газа биле жртви на малтретирање и тортура во израелските затвори и се истакнува дека единствената причина за овие дејствија од страна на Израел била геноцидната намера.
Во извештајот се посочува и на изјавите на израелските официјални лица кои ја откриваат нивната геноцидна намера врз жителите на Газа и се истакнува дека Израел практикува систематска дискриминација.
Амнести ги испита и тврдењата на Израел дека цивилите во Газа биле користени како жив штит од Хамас и дека Хамас се криел меѓу цивилите.
Заклучувајќи дека овие наводи се неверодостојни, Организацијата за амнестија посочи дека дури и да е така, обврската на Израел да ги штити цивилите нема да биде елиминирана.
– За 15 воздушни напади не се пронајдени докази за воени цели
Нагласувајќи дека Израел е бесчувствителен и не ги почитува животите на жителите на Газа, во извештајот се истакнува: „Фактот што Палестинците се сметаат за потрошни и недостојни за внимание е сам по себе е доказ за геноцидна намера“.
Во извештајот се наведува дека биле разгледани 102 изјави дадени од израелски официјални лица кои го оправдуваат геноцидот, од овие 22 се директен доказ за геноцидната намера.
Амнести интернешнал, исто така, ги истражи и нападите кои предизвикаа смрт и повреди. Во извештајот, во кој се наведува дека во 15 воздушни напади загинале 334 лица, се нагласува дека организација Амнести интернешнал во ниту еден од овие напади не можела да најде докази за воени цели.
Извештајот покажува дека Израел раселил 90% од населението во Газа, а некои луѓе морале да се преселат 10 пати и се наведува дека иако условите не се погодни за човечки живот, Израел ги игнорирал повиците за заштита на цивилите.
– „Владите да престанат да се однесуваат како да немаат моќ“
Агнес Каламар, генералната секретарка на Амнести интернешнал, чии оценки беа вклучени во изјавата во врска со извештајот, истакна дека Израел извршил дела забранети со Конвенцијата за геноцид.
Изјавувајќи дека Израел ги гледа жителите на Газа како луѓе од втора класа, кои немаат човечки права и право на достоинствен живот, Каламар предупреди:
„Нашите наоди треба да бидат повик за будење за меѓународната заедница. Ова е геноцид и мора да престане сега“.
Каламар изјави дека земјите кои му продаваат оружје на Израел, исто така, ги прекршиле своите одговорности за спречување на геноцид, станувајќи соработници, и додаде:
„Сите земји кои имаат влијание врз Израел, особено клучните земјите кои му продаваат оружје, особено САД, Германија, Англија и другите земји од Европската унија, треба што е можно поскоро да преземат акција за Израел веднаш да ги прекине нападите врз Палестинците во Газа.“
Подвлекувајќи дека Израел свесно ги извршил своите акции, Каламар посочи дека тие продолжуваат и покрај сите предупредувања.
Каламар, исто така, се осврна на одбраната на Израел за законитоста на нивните дејствија со наведување на воени цели и додаде: „Геноцидната намера може да опстане заедно со воените цели“.
Каламар изјави дека неуспехот на меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел и да стави крај на продажбата на оружје ќе остане рана во колективната совест и додаде: „Владите треба да престанат да се однесуваат како да немаат моќ. Наместо да изразуваат жалење, државите треба да преземат меѓународна акција, иако откривањето на геноцидот е вознемирувачко за сојузниците на Израел“.
Посочувајќи дека налогот за приведување издаден од Меѓународниот кривичен суд за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант претставува надеж, Каламар ги повика владите да ја почитуваат одлуката.
Извор: Anadolu Agency (AA)