Бројот на загинати во земјотресите во Туркије се зголеми на 39.672

February 18, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека досега во земјотресите што ја погодија јужна Туркије загинале 39.672 граѓани, јавува Анадолу.

Сојлу за време на гостувањето на телевизискиот канал „Си-ен-ен Турк“ (CNN Turk) рече дека од првите часови на земјотресот се во регионот заедно со многу министри, јавни функционери, претставници на невладини организации и волонтери.

Додаде дека сите заедно вложуваат огромни напори за да одговорат адекватно на оваа голема катастрофа.

Министерот Сојлу истакна дека во повеќе од 20 илјади згради во подрачјата погодени од земјотресот е извршена акција за пребарување и спасување.

Тој напомена дека напорите за пребарување и спасување во значајна мера се завршени.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентри во Кахраманмараш, Туркије, на 6 февруари погодија 11 области, уништувајќи илјадници згради и погодувајќи над 13 милиони луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ постави цена за Нејмар

Следно

Шешов за МИА: Објектите градени со дозвола се сеизмички сигурни – слаба алка се дивоградбите и доградбите

Latest from Blog

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Лондон за шарената новогодишна парада

Повеќе од 8.000 изведувачи учествуваа во манифестацијата долж рутата од Пикадили до Вајтхол во Вест Енд, која вклучуваше марширачки бендови, акробати и свечени платформи, пренесе ДПА. Толпите луѓе им пркосеа на ниските

Вознемирувачко видео: Се појавија нови снимки од Кран-Монтана – луѓето панично бегаат!

Светот е згрозен од новите детали за катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде според италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, бројот на загинати се искачи

МЗ ги разгледува можностите за медицинското згрижување во Македонија на повредените од Швајцарија

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана. Во таа насока,
Go toTop