Јовановиќ: Ако границата за пензионирање се зголеми на 67 години, луѓето би живееле во пензија само 6 години

December 4, 2024
1 min read

Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии го нарече предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање, неправеден и штетен за работниците.

Јовановиќ предупреди дека во Македонија просечниот животен век по пензионирањето изнесува само 10 години – меѓу најкратките во Европа.

„Ако границата за пензионирање се зголеми на 67 години, луѓето би живееле во пензија само 6 години, што е веројатно најкратко во светот. Во Австрија, на пример, пензионерите живеат во просек 18 години по пензионирањето, при граница од 63 години. Затоа, ваквиот предлог е прифатлив само ако животниот век во Македонија се доближи до 80 години,“ изјави Јовановиќ за МИА.

Јовановиќ објасни дека ефектите од зголемувањето на пензиската граница краткорочно ќе се влоши здравјето на работниците, ќе растат повредите на работното место и ќе се намали продуктивноста.

Наместо зголемување на границата, професорот предлага укинување на ослободувањата од даноци и придонеси, како и зголемување на придонесот за пензиско осигурување, но без намалување на нето платите. Формализирање на неформалната економија и креирање нови работни места со подобри плати.

„Придонесот за пензиско осигурување во Македонија е еден од најниските во Европа – 18%, намален од 21% во времето на Груевски. Зголемувањето на формалната вработеност и платите може значително да го зајакне Пензискиот фонд и економската активност,“ објасни тој.

Иако Фискалниот совет предложи зголемување на старосната граница и придонесите за периодот 2025–2029 година, Владата засега не го прифаќа овој предлог. Сојузот на синдикати на Македонија, исто така, изрази силен отпор, наведувајќи дека ваквите мерки ќе имаат негативен ефект врз работниците.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Каранфилова-Пановска: Секогаш е полесно да коментирате од страна, решив да преземам одговорност

Следно

Најтрофејниот скијач во историјата најави крај на кариерата

Latest from Blog

Илија Абутовиќ го продолжи договорот на уште една сезона со Е.Пелистер!

РК Е.Пелистер,постигна договор со Илија Абутовиќ за продолжување на соработката за уште една година. Тоа значи дека интернационалецот од Србија и во следната сезона 2025/26 ќе го носи дресот на битолчани. „ Продолжува

Атанасоски во 24 анализа: Без разлика кој е на власт кај нас за жал никогаш не се прифаќа предлог-закон од опозиција

Политичкиот аналитичар Благоја Атанасоски во 24 анализа рече дека, семејствата на жртвите во трагедијата „Пулс“ во Кочани вината за пожарот ја бараат кај политичките партии кои наизменично ја воделе државава. Според него,

Сирискиот претседател ја поздрави одлуката на Трамп за укинување на санкциите

ИСТАНБУЛ (АА) – Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара во среда ја поздрави смелата одлука на американскиот претседател Доналд Трамп за укинување на долгогодишните санкции за Сирија, нарекувајќи ја пресвртница за иднината на земјата,

Јадеме ли квалитетно месо? Одговара Ѓорѓиевски во „Бизнис 21“

„Месото кое го произведуваат домашните производители е здраво за јадење“. Ова го кажа Бојан Ѓорѓиевски, претседател на Здружението на производители на свежо месо „Македонско прасе“ во емисијата „Бизнис 21“. „По укажување на

Капело: Јамал не е генијалец, далеку е од Меси и Марадона

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело, кој во кариерата ги водеше Јувентус, Милан и Реал Мадрид, го коментираше талентот на младиот напаѓач на Барселона, Ламин Јамал. Трофејниот стручњак ја спушта топката по глобалната
Go toTop