Тинејџерка уапсена на аеродромот во Охрид со девет куршуми во торба

December 3, 2024
1 min read

19-годишна девојка од тетовското село Жилче утринава била приведена на граничниот премин – Аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, откако при рутинска контрола со рентген апарат во нејзината торба биле пронајдени девет куршуми со калибар 7,65 милиметри.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека девојката била запрена на излез од државата во 07:20 часот. Полициските екипи веднаш извршиле увид на местото, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Овој случај привлече внимание поради возраста на девојката и отсуството на дозвола за поседување или транспорт на муниција, што го потврдуваат првичните информации.

Во тек е истрага за потеклото на куршумите и мотивите на тинејџерката за нивно изнесување од државата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лимани: Пред секои избори се зголемува бројот на корисници на „туѓа нега“, имало и злоупотреби

Следно

НА 9 ДЕКЕМВРИ ГАЛА ЗЛАТНА ПРЕМИЕРА НА РЕСТАВРИРАНА КОПИЈА НА „ПРЕД ДОЖДОТ“ ЗА 30 ГОДИНИ ОД ФИЛМОТ НА МАНЧЕВСКИ

Latest from Blog

АфД УБЕДЛИВО ВОДИ ВО НОВАТА АНКЕТА – Крајната десница станува сè посилна во Германија

Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) достигна нов максимум во потенцијалната поддршка од гласачите, според истражувањето на INSA објавено денес. Според анкетата, 35 проценти од испитаниците рекле дека можат да

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Заменикот министер за образование од коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави дека новото законско решение за соодветна и правична застапеност конечно ќе стави крај на

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури
Go toTop