Гаши во дводневна посета на Кралството Шведска

December 2, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши денеска и утре ја предводи парламентарната делегација која ќе престојува во официјална посета на Стокхолм.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши ќе биде во посета на Шведска на покана на претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлеан. Во состав на делегацијата се и пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески.

Покрај средба со спикерот на шведскиот Риксдаг, Гаши и пратениците ќе остварат средби и со членовите на комисиите за надворешна политика и европски прашања и со високи претставници на министерствата за европски прашања, за надворешни работи и за одбрана. Според агендата, се предвидува и аудиенција кај кралот на Шведска, Карл Шеснаесетти Густав.

Посетата на Кралството Шведска е прва на високо ниво по парламентарните избори одржани во мај оваа година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Забрана за камиони кај Маврово и на правец Лисец – Попова Шапка

Следно

Јавноста ги очекува првите акции од планот за борба против корупцијата на Мицкоски што ги најави за денеска

Latest from Blog

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон

Брендан Роџерс има нов клуб

Некогашниот менаџер на тимот на Ливерпул, Брендан Роџерс е нов кормилар на тимот на Ал Кадисија од Саудиска Арабија, објави „Атлетик“. Искусниот стратег кој во моментов има 52. години веќе е на
Go toTop