Израел уби 44.429 Палестинци во геноцидот во Појасот Газа oд октомври минатата година

December 1, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Од 7 октомври минатата година, 44.429 Палестинци се убиени во израелскиот геноцид во Појасот Газа, известува Анадолу.

Во соопштението на Министерството за здравство во Газа се дадени информации за израелските напади врз Појасот Газа кои траат веќе 422 дена.

Министерството на палестинската енклава се наведува дека во шест масакри што израелската армија ги изврши во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа, убиени се 47 Палестинци, а 108 се ранети.

Потврдено е дека во израелските напади од 7 октомври минатата година се убиени 44.429 Палестинци, а 105.250 се ранети.

Во соопштението се истакнува дека под урнатините и покрај патот има голем број загинати, но дека медицинските екипи и тимовите на цивилна заштита не можат да стигнат до телата поради пречките од страна на израелските сили.

Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската група Хамас во октомври минатата година.

Во втората година од геноцид во Газа, Израел се соочува со зголемена меѓународна осуда, а официјални лица и институции ги означуваат нападите и блокирањето на испораката на помош како намерен обид за уништување на населението.

На 21 ноември, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Утре ќе се знае цената на струјата од 1 јануари?!

Следно

Миовски и Џирона до бод кај Виљареал!

Latest from Blog

Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се

Илјадници Израелци излегоа на улиците во Тел Авив барајќи прекин на огнот и враќање на заложниците

СКОПЈЕ (АА) – Илјадници Израелци се собраа во Западен Ерусалим синоќа со барање за прекин на огнот во Газа и враќање на Израелците заложници што се држат во енклавата, известува Анадолу. Демонстрантите

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун – Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Во Скопје утре и задутре ќе има посебен режим на сообраќајот поради одржување на средбата на лидерите од Западен Балкан. -СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник)
Go toTop