Сирија: СНА целосно го опколи регионот Тел Рифат окупиран од терористите на ПКК/ЈПГ

December 1, 2024
1 min read

АЗАЗ (АА) – Сириската национална армија (СНА) продолжува да напредува и целосно го опколи Тел Рифат во операцијата „Зора на слободата“ што ја започна за блокирање на терористичкиот коридор Тел Рифат – Мунбич на ПКК/ЈПГ, известува Анадолу.

Во операцијата започната против планот на терористичката организација ПКК/ЈПГ за создавање терористички коридор меѓу Тел Рифат и североисточна Сирија, војниците на СНА се судрија со терористите на ПКК/ЈПГ источно, североисточно, северозападно и јужно од Тел Рифат.

Откако ја презедоа контролата врз воениот аеродром Кувејрис, трупите на СНА напредуваа кон Алепо и стигнаа до индустриската зона Шеик Некар, која претходно го зазедоа вооружени групи кои им се спротивставуваат на силите на режимот на Башар ал Асад.

Така, областа Тел Рифат, која беше под контрола од терористичката организација ПКК/ЈПГ, е опколена од сите страни.

Сириската национална армија (СНА) во неделата започна операција за да се спротивстави на планот на терористичката група ПКК/ЈПГ да воспостави терористички коридор меѓу Тел Рифат и североисточна Сирија, соопштија безбедносни извори.

Тензиите повторно се зголемија во северна Сирија откако антирежимските вооружени групи неодамна го освоија Алепо, вториот по големина град во земјата.

Како што опозициските сили ја започнаа својата операција кон Алепо, силите на сирискиот режим за кратко време изгубија контрола над значајни територии. Ова го поттикна сирискиот режим да побара поддршка од терористичката организација ПКК/ЈПГ во борбата против опозицијата, отворајќи ѝ го патот на терористичката група да дојде до моќ.

Силите на сирискиот режим почнаа да им ги предаваат областите под нивна контрола на силите на ПКК/ЈПГ источно од Еуфрат. На крајот, голем број терористи на ПКК/ЈПГ и тешко вооружување беа префрлени од источната страна на Еуфрат во Алепо.

Терористичката група ПКК/ЈПГ го виде предавањето на териториите од страна на сирискиот режим како можност и се обиде да воспостави терористички коридор меѓу Тел Рифат и североисточна Сирија. Сепак, планот беше спречен од силите на СНА.

Забележувајќи ги маневрите на терористичката организација во услови на напредување на опозициските групи кон Алепо, СНА ја започна операцијата „Зора на слободата“ и брзо се симна на терен.

СНА ги попречи напорите на ПКК/ЈПГ за воспоставување терористички коридор со пресекување на рутата меѓу Рака и Алепо, блокирајќи ја врската меѓу Тел Рифат и североисточна Сирија.

ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која е наведена како терористичка група во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ со сестринската партија Модератерна од Шведска разменува искуства и ја надградува својата визија за економски силна и просперитетна држава

Следно

Семејство со две деца заглави во снегот близу Леуново

Latest from Blog

Затвореник од Идризово крадел во Куманово за време на викенд отсуство, кај него била пронајдена и дрога

На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и

Јаневска: Образованието и науката го добиваат потребното внимание и стануваат клучни развојни ресуси на државата

Обезбедување учебници на први септември, покачување на платите на наставниците и професорите, се градат седум нови училишни објекти, 20 објекти се реконструирани, се градат и четири нови спортски сали, а темелно се

Илјадници Израелци излегоа на улиците во Тел Авив барајќи прекин на огнот и враќање на заложниците

СКОПЈЕ (АА) – Илјадници Израелци се собраа во Западен Ерусалим синоќа со барање за прекин на огнот во Газа и враќање на Израелците заложници што се држат во енклавата, известува Анадолу. Демонстрантите

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во Грција

Ослободен е македонскиот возач на камион, кој беше уапсен по сообраќајната несреќа што вчера се случи на стариот пат Солун – Верија во близина на Халкидона, во која загинаа две лица, јави
Go toTop