ВМРО-ДПМНЕ со сестринската партија Модератерна од Шведска разменува искуства и ја надградува својата визија за економски силна и просперитетна држава

December 1, 2024
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ со сестринската партија Модератерна од Шведска разменува искуства и ја надградува својата визија за економски силна и просперитетна држава.

Министерот за транспорт и врски и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска се обрати на конференцијата за пратеници на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и Модератерна од Шведска, каде изминативе два дена се разговараше за економските реформи и планот за раст на ЕУ за Западен Балкан.

-На конференцијата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ разменуваа искуства и дискутираа на теми поврзани со развојот на државата, зајакнување на економијата, подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија со прогресивни идеи и во таа насока својата политика во континуитет ја креира на унапредување на развојните политики и подобрување на општественото живеење.

Оваа конференција беше токму во насока на размена на искуства со сестринска партија Модератер на Шведска и креирање на зеднички политики кои ќе придонесат за благодет на граѓаните и општеството.

На конференцијата исто така разговаравме и за инфраструктурата како еден од улсовите за развојна економија. Заедно со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зборувавме за идните проекти што се планирани во рамки на министерството за транспорт, за сите проблеми и идни визии за развивање на државата.
ВМРО-ДПМНЕ постојано се надградува и заедно со своите пријатели од европската народна партија силно работи на зајакнување на своите капацитети“, Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Блокиран патот кон Попова Шапка – надлежните велат се работи за несовесни граѓани кои тргнале со летни гуми

Следно

Сирија: СНА целосно го опколи регионот Тел Рифат окупиран од терористите на ПКК/ЈПГ

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop