Мицотакис до Северна Македонија: Не во нејзин интерес да го следи ставот што создава проблеми со Грција

December 1, 2024
1 min read

Верувам дека земјата ќе сфати дека не е во нејзин интерес да инсистира на ставот што создава проблеми со нејзиниот најголем сосед, кој исто така е и голем инвеститор во земјата и од кого очекува поддршка на европски пат, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за телевизијата „Антена“, говорејќи за односите со Северна Македонија и уште еднаш ја повтори позицијата дека очекува јасен став од државниот и политичкиот врв дека го почитува Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис рече дека на Балканот, „за жал, сè уште постојат сили кои сметаат дека ќе имаат политичка корист ако ги разбудат старите духови на балканскиот национализам“, додавајќи дека ова „во голема мера се случи со актуелната Влада на Северна Македонија, и во предизборниот период, но до одреден степен и по изборите“.

Ги повтори позициите за Договорот од Преспа што ги имаше пред Нова демократија да дојде на власт и уште еднаш посочи дека „името на државата е Северна Македонија, тоа не се оспорува, без разлика дали се претставува во странство или името се користи за внатрешна употреба“.

– Северна Македонија не може да избега од ова предвидување. Гледам во последните два месеци дека Владата до одреден степен го сфати тоа. Она што го очекувам, не само јас, бидејќи прашањето не е билатерално, се однесува и на Европа, до одреден степен се однесува и на НАТО, е многу јасна изјава на државниот и политичкиот врв дека почитувањето на Договорот од Преспа е целосно и дека името на земјата е Северна Македонија, без разлика дали го користат вон земјата или во внатрешноста на земјата. Верувам дека се движиме во вистинската насока, рече Мицотакис.

На прашањето на новинарот дали треба Грција „поинтензивно да ги информира сојузниците за ставот на Северна Македонија“, Мицотакис кусо одговори дека веќе го сториле тоа.

Интервјуто за телевизијата „Антена“ беше од Солун по повод отворањето на метрото, а Мицотакис говореше за сите теми поврзани како со надворешната, така и со внатрешната политика.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДЕТАЛИ: Разбојниците од „Нептун“ се заканувале со пиштол и експлозив, во продавницата имало и деца

Следно

Забрана за камиони на Стража, Пресека, Ѓавато и Маврово

Latest from Blog

Општина Битола: 15,5 милиони денари за нови спортски терени во ОУ „Даме Груев“

Во тек е обновата на спортските игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“ во Битола, со што учениците ќе добијат подобри услови за спорт, физичко образование и рекреација. Како што информира Општина

Куба го враќа ударот: Формирале тајна мрежа на шпиони и активисти на универзитетите во САД

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, рече дека извештајот има за цел да го разоткрие она што тој го опиша како децениска кампања на Хавана против Соединетите Држави. „Повеќе од шест децении,

Ќе се прави финансиско вештачење на документи од општина Гостивар и ЈП Комуналец

Финансиската документација од општина гостивар, тендерите за набававка на хлор распишани пред јавнсота да дознае за еподемијата, наредбите и комуникацијата меѓу општината и ЈП Комуналец Гостивар, нивните документи, но и извештаите од

Реал го краде Диоманде: Перез понудил 120 милиони евра за крилото на РБ Лајпциг!?

фото: Ben Jacobs @JacobsBen (X) Реал Мадрид најверојатно ќе го претрка европскиот шампион ПСЖ во трката за потписот на крилниот напаѓач на РБ Лајпциг, Јан Диоманде (19), објави „Фут Меркато“. „Кралевите“ наводно
Go toTop