Ин мемориам: Почина дешифрирачот на Каменот од Розета, проф. д-р Аристотел Тентов

November 30, 2024
2 mins read

Почина проф. д-р Аристотел Тентов, универзитетски професор на ФЕИТ. познат и како дешифрирачот на Каменот од Розета.

Во својот плоден научен живот, автор е на десетици дела од областа на компјутерската наука и електроинженерството, но исто така (освен дешифрирањето на Каменот од Розета со академик Томе Бошвски во 2005-та година)  и на огромен број дела и трудови од областа на истражувањето на древна Македонија.

Познат е и по тоа што ги има дешифрирано сите декрети напишани од Птоломеите, од Птоломеј II до Птоломеј VII. „Досега успеавме да прочитаме околу 500 древномакедонски изрази и поими што се доста слични со денешните македонски поими“, изјави при едно гостување на македонски медиум проф. д-р Тентов, во кое на македонскиот народ ќе му порача: „Македонскиот народ треба да го почитува, чува и заштитува она што долг период го создавал. За тоа сведочи почитувањето на Големата Мајка и на врховниот бог Ѕе, кои се составен дел на старомакедонската митологија.“

Каменот од Розета e антички натпис на црн камен од гранит создаден во МемфисЕгипет 196 година п.н.е. од македонскиот владетел Птоломеј V. Каменот содржи текст напишан на три различни писма: најгорниот текст е напишан со староегипетски хиероглифи, средниот текст е напишан на демотско писмо и долниот текст на античко македонски јазик.

Македонските научници, академик Томе Бошевски и професорот Аристотел Тентов во 2005 година спровеле истражување за дешифрирање на средниот текст на Каменот од Розета, при што дошле до доста занимливи заклучоци и пронајдоци особено во поглед на сличности со денешниот современ македонски јазик. Констатирано е дека за средниот текст на Каменот од РОзета е користено слоговно писмо од типот согласка-самогласка и се идентификувани симболи за 25 согласки[1]. Користејќи ја постапката на пресликување и ротација во рамнината на пишување, определен е еднозначен начин за поврзување на симболот за согласка со 4 или 8 самогласки и иако се ретко употребувани, сепак се идентификувани и симболите за запишување на изолирани самогласки и согласки, а во анализираниот текст покрај пишувањето на слоговните знаци еден до друг често се пишувани слоговните знаци и еден над друг во форма на лигатури[1]. Озвучувањето на идентификуваните слоговни знаци, осамени согласки или самогласки и лигатури е реализирано со користење на архаизми од дијалекти на современиот македонски јазик при што во анализираниот текст кој е пишуван од десно на лево и без растојание меѓу зборовите и одвојување на речениците, идентификувани се повеќе од 160 зборови кои го задржале значењето во некои дијалекти на современиот македонски јазик[1]. Исто така, идентификувани се и одреден број граматички правила кои се препознатливи и во современиот македонски јазик како што е формирањето суперлатив кај придавките со претставката нај, множина кај именките со додавката –и, појавата на определена и неопределана форма кај именките и зачестената употреба на предлогот на[1]. Со вака идентификуваните слоговни знаци, нивното означување и определените правила на пишување, создадена е еднозначна методологија за препознавање на одредени зборови и читање на запишаното[1]. Резултатите од дешифрирањето на средниот текст на каменот од Розета укажуваат на многу повеќе детали кои ги нема во текстот запишан со античко-грчко писмо[1]. Оваа констатација го потврдува сознанието на науката уште од времето на Томас Јанг (1822 година) дека средниот текст е оригиналот, врз основа на што заедно со ова истражување може да се допрецизира дека декретот на фараонот во средниот текст на каменот од Розета во оригинал е напишан на јазикот на античките Македонци со писмо на живите господари, односно со официјалното писмо и јазик на државата којашто тие ја управувале повеќе од еден век[1].

(извор Википедиа)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Обилни врнежи од снег на Плетвар, заглавени десетина коли

Следно

По препорака од МВР, одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ

Latest from Blog

Гаши: Собранието ќе го консултира Уставниот суд за да не згрешат ако ги разрешат членовите на Судски совет избрани од Парламентот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски Парламентот да ги разреши членовите

Туркије ја има како приоритет соработката со новата сириска администрација на полето на одбраната

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Турското Министерство за национална одбрана денес соопшти дека Туркије ја гледа одбранбената соработка со новата сириска администрација како важен чекор во интерес на двете земји, како и дека е

Трамп тврди дека постои кинеско воено присуство во Панамскиот Канал

ИСТАНБУЛ (АА) – Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес изјави дека војниците на Кина управуваат со Панамскиот Канал „со љубов, но незаконски“, јавува Анадолу. Трамп, во објавата на неговата платформа „Truth Social“

Премиерот и министрите ќе одговараат пред пратениците, а цела опозиција има само 9 прашања

Собранието денеска ќе ја одржи 26. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот. Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите
Go toTop