Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

November 29, 2024
1 min read

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст на нетрпеливоста и екстремизмот во општеството, пренесува ТВ21.

„Ваквите акти на омраза и етничка поделба и штетат на стабилноста на државата и ја загрозуваат иднината на нашето мултиетничко општество“, пишува вицепремиерот Фетаи на својот Фејсбук профил.

Фетаи оценува дека сквернавењето на знамињата не се изолирани инциденти, туку сведочат за ескалација на говорот на омраза и екстремизмот присутен на јавниот простор, кој поттикнува омраза и нетрпеливост.

„Колку казни досега се изречени за екстремистите кои бараат гасни комори за Албанците или навиваат дека добриот Албанец е мртов Албанец?“, прашува Фетаи, додавајќи дека клеветничката атмосфера ја подгреваат екстремистички и корумпирани политичари, кои манипулираат и индоктринираат граѓани за нивните лични интереси.

Тој повикува на единство против екстремизмот и одговорност за секое кривично дело говор на омраза или нетолеранција на национална основа.

„Правдата мора да биде непристрасна и примерна – селективната одговорност само ги продлабочува поделбите и произведува повеќе омраза“, нагласува Фетаи, повикувајќи на замена на омразата со дијалог и на одговорност на сите екстремистички и дестабилизирачки актери.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Следно

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Latest from Blog

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop