Ердоган: „Новиот потег на американскиот претседател за прекин на огнот во Газа е задоцнет, но важен чекор“

November 28, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Новата најава на американскиот претседател за прекин на огнот во Појасот Газа доаѓа доцна, но тоа е важен чекор, изјави во четвртокот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

„Најавата на американскиот претседател (Џо) Бајден дека ќе покрене нова иницијатива за прекин на огнот во Газа е многу задоцнет, но важен чекор“, истакна Ердоган на заедничката прес-конференција со султанот од Оман Хајтам бин Тарик што се одржа во главниот град Анкара.

„Регионалниот и глобалниот мир не може да се постигне доколку не се воспостави итен, праведен, траен прекин на огнот во Газа“, рече турскиот претседател, говорејќи еден ден по воспоставувањето на прекинот на огнот меѓу Либан и Израел по повеќемесечните прекугранични борби.

„Нема да се двоумиме да направиме сѐ што е во наша моќ за да ги вратиме мирот и благосостојбата во Газа“, додаде Ердоган.

Зборувајќи за односите меѓу неговата земја и Оман, Ердоган посочи дека Анкара има намера да го зголеми обемот на трговската размена со Оман на пет милијарди долари.

„Од 2025 година ќе започнеме со испорака на течен гас од Оман, со што ќе влеземе во новата фаза на нашата енергетска соработка“, рече Ердоган.

Султанот на Оман Хајтам бин Тарик по средбата во Анкара рече:

„Како Оман, би сакале да ја изразиме нашата поддршка за ставот на Туркије за меѓународните прашања што се однесуваат на нашиот регион.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почна судењето против жената, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Следно

Извори од Брисел: Решението за деблокада мора да биде дел од преговарачката рамка

Latest from Blog

Иран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)

Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“. Организаторите велат

Doli: Edhe 15 minatorë dolën nga miniera

Pesëmbëdhjetë minatorë kanë dalë nga miniera pas disa orësh të vështira të kaluara të ngujuar në thellësi, duke sjellë lehtësim dhe shpresë për familjarët dhe kolegët e tyre. Lajmin e ka bërë

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop